02 Мај, 2024
0.0263

Ангеловска: Граѓаните потрошија 26,5 милиони евра преку домашни платежни картички

Објавено во: Економија 23 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра, објави попладнево министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил.

– Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела кај нас, која воспостави нов начин на имплементација. Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка беа да се поддржат целни категории на граѓани во соочувањето со Ковид-кризата и економската активност преку поттикнување на приватната потрошувачка на домашни производи и услуги и на кус рок да се амортизира ударот врз економијата. Но, домашната платежна картичка беше димензионирана и осмислена со цел да донесе и многу други бенефити и системски промени во општеството: креирање свест за купување домашни производи, поттикнување на безготовинско плаќање и промена на навиките, а со тоа дејствување кон сузбивање на сива економија и современа администрација – услуга кон граѓаните без шалтери, документи и поднесување барања, вели Ангеловска.

Според сумираните податоци што ги објави Ангеловска, од околу 330 илјади кои биле на листите, платежната картичка ја зеле 309 илјади граѓани, додека од вкупно префрлените 28,3 милиони евра кон банките, искористени се 26,8 милиони евра за издадени картички. Од нив, 26,5 милиони евра се потрошени за купување на домашни производи. Разликата, како што пишува Ангеловска, ќе биде вратена во Буџетот.

Гледано по групи на граѓани, најголема реализација или 97 проценти има кај невработените лица и здравствените работници, а најниска кај младите лица (90 проценти). Поточно, на 113 илјади невработени и приматели на социјална помош им се доделени 16,5 милиони евра, на 111 илјади вработени со ниски примања – 5,4 милиони евра, на 81 илјада млади – 4 милиони евра и на 4 илјади здравствени работници – 900 илјади евра.

Со проектот „Домашна платежна картичка” забележан е раст од околу 20 проценти кај бројот на издадени платежни картички и раст во бројот на трансакции за околу 40 проценти. Поставени се и над 1.200 нови ПОС терминали.

Според Ангеловска, растот на безготовинските трансакции значи намалување на нерегистрираните трансакции кои се дел од сивата економија, а со проектот поставени се и нови стандарди во имплементацијата за поефикасна администрација.

Граѓаните кои ги имаат домашните платежни картички ќе можат и понатаму да ги користат како нормални дебитни картички.

– Верувам дека истите ќе најдат примена и во иднина при дизајнирање на идни проекти и програми на Владата. Да купуваме домашно, да плаќаме безготовински, да се стремиме сите заедно за подобро и посовремено општество, пишува Ангеловска на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија