26 Април, 2024
0.0289

Анѓушев: Ситуацијата е под контрола, нема да има ценовен хаос

Објавено во: Економија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска одговарајќи на новинарско прашање на Македонскиот енергетски форум 2019 во Струга рече дека ситуацијата е под контрола и нема да има ценовни шокови во малопродажбата на горива а така очекува да биде и во иднина со стапувањето на сила на Законот за енергетика кој беше донесен пред точно една година но ќе стапи в сила откако денес најверојатно ќе го потпише претседателот Стево Пендаровски.

„Очекувам денеска претседателот Пендаровски да го потпише овој закон со кој во иднина ќе се регулираат многу подрачја, а исто така потпис да се стави и на методологијата на регулирање на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати. Не ми се допаѓа единствено тоа во моментов што 80 отсто од снабдувањето оди преку една компанија, така што очекувам да се подобри конкурентноста во иднина. Покрај тоа остануваат максималните цени кои што ќе може да ги определат компаниите. Но ние деновиве видовме дека и слободниот пазар добро функционира, се раководи според цените на берзата и тоа покажува дека во Македонија постои пазарна конкуренција“, изјави Анѓушев во Струга.

За самиот закон рече дека Македонија ќе ја направи енергетски перспективна земја и транзицијата кон обновливи извори на енергија со истиот ќе биде успешна, бидејќи во моментов земјата се потпира со 70 отсто од ресурсите на јаглен, а генерално ја обезбедува РЕК Битола.

„Потребни ни се 200 мегавати преку фотоволтаици кои ќе ги обезбедиме преку три циклуси на доделување на државно и приватно земјиште. Ќе се понуди урбанизирано земјиште со сите дозволи. Цената на приклучокот ќе биде однапред позната и инвеститорите ќе ги знаат сите ризици однапред. Она што нема инвеститорот да го продаде на слободниот пазар ќе му го купи државата, која и онака ќе заштеди многу со тоа. Очекувам голем интерес на првата тендерска постапка“, рече вицепремиерот.

Наведе дека во иднина 200 мегавати ќе се обезбедуват од фотоволтаици кои ќе се поставуваат на места како Македонски Брод, но ќе ги инсталира и самиот РЕК Битола. Покрај тоа се очекуваат и дополнителни 150 мегавати од други извори.

„Во Македонија во моментов има 75 хидроелектрани, 35 се градат, а донесена е владина одлука за лиценци за уште 18 во кои нема да влезат оние што конкурираа за Маврово бидејќи тоа е заштитено подрачје. Во моментов од вакви нефосилни ивори имаме само 17 мегавати, но во иднина треба да бидат 350“, истакна Анѓушев.

Ги повика инвеститорите да не се колебаат кај фотоволтаиците и дека ќе има обврзани трговци кои што ќе треба да им ги купат вишоците на енергија, а заработката би била од 60 до 80 евра по мегават час.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра