03 Мај, 2024
0.0333

Анѓушев: Со спроведување на економските политики на владата ќе има крај на транзицијата и старт на одржлива економија на долг рок

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

„Јас го гледам крајот на транзицискиот период и јасно ми е како тој изгледа. И сакам да им дадам надеж на македонските граѓани дека доколку се спроведат сите економски политики на владата ќе има крај и излез од транзицијата“, рече вицепремиерот за економски прашања во Отворено студио на 1ТВ.

„Проблемот во Македонија е врзан со светската криза. Треба да тргнеме од самиот период на приватизацијата. Тој период не беше поминат најдобро и рецидивите од тој период ги чувствуваме и денес. Некои приватизации беа добро направени, но некои не и доста капацитети пропаднаа. Токму заради тоа државата се уште не може да го достигне индустрискиот раст или нивото на индустриското производство“, објасни Анѓушев.

За неопходните промени што и се потребни на државата, Заменик претседателот задолжен за економски прашања со јасно дефиниран план како треба да се одвива економскиот раст.

„Излезот за Македонија е во две работи, првата е да заборавиме на проекти со коишто сериозно ќе ја задолжиме државата, односно земање 3 милијарди евра кредити, коишто ќе ги потрошиме на нефизибилни градежни проекти и со тоа ќе направиме некаква градежна експанзија која што никому не треба и не е физибилна, ќе ја задолжиме државата а притоа ќе набилдаме градежништво и БДП. Од друга страна градежништвото е многу корисно ако е во физибилни, исплатливи проекти а тоа се проекти во инфраструктура, точно она што сега ние го правиме. Но, двигател на долг рок е индустријата, земјоделието, трговијата. Во индустријата ни недостига продуктивност. Ако зборувате за индустрија во Република Македонија, не може да се зборува за домашен пазар, затоа што е мал пазар. Затоа ние мора да размислување за извозно ориентира индустрија, а за таква индустрија тогаш зборуваме за конкурентност. Таа индустрија мора да биде конкурентна, продуктивна. А основните фактори за продуктивност се да има пристап до технологија, до know how, знаење и да биде добро организирана“, заклучи Анѓушев.

Како една од индустриските гранки каде што Македонија треба да го гледа и спроведе својот економски раст е и земјоделието. Наспроти во изминатите години кога се трошеа стотици милиони евра на субвенции а сепак имаше паѓање извозот а се зголемуваше увозот. Затоа, потенцираше Анѓушев, во овие два сектори, градежништвото и земјоделието потребно е да се направат промени.


Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години