05 Мај, 2024
0.0251

Владата не се меша во ФЕНИ, туку очекува сериозен инвеститор

Објавено во: Економија 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во „Отворено“ на ТВ 24 изјави дека како Влада не можат да се мешаат во судски и должничко доверителски односи за случајот со комбинатотот Фени од Кавадарци. Тој вели дека нивна задача е да создадат поволна бизнис клима. Рече дека Фени немал дадено завршна сметка за 2015 и 2016 година. 

„Стечајната постапка постои и со реструктуирање на компанијата мислам дека Фени е прв случај каде следниот ден по одење во стечај следниот ден сите се вработени и следниот ден сите земаа плата. Владата нема што да се меша, туку ја следи состојбата будно“- рече Анѓушев. 

Вели дека Кунико спротивно на македонските закони уделите ги заложил и во Македонија и во кинеска трафигура. 

„Енекод во ниту еден момент не е запишан како сопственик во Централниот регистар, туку само Рајчо Кацаров е назначен за управител. Не може да исплати плата, ниту да ги пренесе заложените удели бидејќи во Кина не го испратил фероникелот кој требало да го испорача во вредност од 30 милиони долари. Доверителите банки по законски исполнетите услови започнаа стечајна постапка со цел да се најде решение, а Владата само ја следи ситуацијата поради важноста на Фени за државата“- изјави Анѓушев. 

Нели Беширова од Енекод вели дека она што Анѓушев го зборува е точно, но тие сакале да бидат добри сопственици. 

„Имавме намера кога ќе дојдеме во Македонија да бидеме добри сопственици за вработените да бидат вработени и да го развиваме Фени. Ако има подостојна компанија од Енекод нека го преземе Фени, но само ако има идеја за подобар развој. И ние сме необезбеден кредитор за доставена електрична енергија и имаме побарувања од Фени“- рече Беширова.  

Беширова рече дека не го сакаат Фени по секоја цена. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите