АНКЕТА НА ТЕЛМА: Кој има повисок рејтинг Груевски или Заев?

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017
На прашањето кој политичар заслужува најголема доверба, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се определиле 25,8% од анкетираните, а за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 24,8%, покажува анкетата која ја спровела агенцијата „М-Проспект“ на барање на Телма и МЦМС.
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, според анкетата има поддршка од 9% од граѓаните, а по него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6,1% Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја има поддршката на 3,6% од граѓаните, Билал Касами од БЕСА има поддршка од 3 %, додека 14,8% кажале дека немаат доверба во ниту еден политичар.
Анкетата е спроведена телефонски, во периодот од 10 до 15 мај, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.
Можеби ќе ве интересира
Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите
Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга
