07 Мај, 2024
0.0271

Антикорупциска комисија: ИВЗ добила обврзници од 9,1 милиони евра, а не платила денар данок

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Нури Бајрами, членот на Комисијата за спречување на комисија, ќе поднесе пријава против директорката на Централниот регистар и за службените лица од оваа институција, затоа што дозволиле Исламската веркса организација да не подлежи, како што вели тој, на никакви обврски кон државата.

„Последните пет години ИВЗ не доставила основен извештај за годишна сметка и од Централен регистар тие што се надлежни и должни не постапиле за тоа под каква контрола на дејствија се однесува овој случај.  Управата за јавни приходи врши надворешна контрола на здруженија на граѓани, организации и верски заедници. Од 2014 до 2018 УЈП правела надворешна  контрола, но немаме информација дали е завршена. Министерството за финансии при враќање имот исплатило обврзнции од 9.100.000 евра како компензација за имотот што не може да се врати како земјиште и станбен и деловен простор на ИВЗ.  Повикуваме да се направи антикорупциска проверка на регулативата над непрофитните организации, бидејќи има конфузија, а ние ќе покренеме иницијатива заради донесување на нов попрецизен закон Поради непревземени дејствија на Централниот регистар, же следува постапка за директорот и службените лица, а и од Владата ќе се бара да достави записник за извршената финансиска контрола“, рече Бајрами.

Антикорупциска комисија до вакви наоди со 116 докази за незаконитости и злоупотреби на финансиски средства од страна на раководни лица во ИВЗ, а според ДКСК овозможени секундарно  од државата, дошле преку поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

„Оваа пријава не е посебна, туку е копија од кривичната пријава до ЈО за организиран криминал и корупција. Точно е дека тие средства не се средства од буџетот на државата, ние не се мешаме во автономнијата на заедницата, но државата тоа го овозможила со непостапување“, наведе Бајрами.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција