Антикорупциска со пријава до ОЈО за Панчевски: Внукот се вработил, па однел документи за конкурсот
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019
Поранешниот претседател на Основен суд 1, Владимир Панчевски, е под закана од кривична пријава од Комисијата за спречување на корупција по наводите за врабоптувањето на неговиот внук Јордан Тасевски во кривичен суд.
Според Антикорупциска, истрагата утврдила дека Тасевски прво го добил решението за вработување, а дури потоа ги поднел документите за конкурсот. Вработениот воопшто не се ни пријавил на огласот за вработување.
Истрагата по допрен глас беше започната во март, а инаку Панчевски по род му е вујко на Тасевски. Антикорупциска ќе поднесе и иницијатива до ОЈО за покренување на кривична постапка против службените лица кои биле инволвирани во вработувањето на Тасевски.