26 Април, 2024
0.0269

Антикорупциска утврди судир на интереси кај членот на РКЕ Атанаско Тунески

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Антикорупциската комисија бара, Атанаско Тунески да си даде оставка од Регулаторната комисија за енергетика или да ги продаде акциите во „Макпетрол“. Како член на комисија која носи одлуки, дава и одзема лиценци и врши надзор врз енергетскиот пазар, тој не смее да поседува акции во енергетска компанија, но е утврдено дека ги поседувал акциите и пред да стане член. Со тоа, од старт го прекршил и Законот за судир на интереси кој предвидува дека, дури и три години по завршувањето на функцијата, претседателот и членовите на Комисијата, не смеат да се стекнат со акции во енергетски компании. Во членот 22 од Законот за енергетика, пак, јасно стои и дека, овие лица се должни да ги прекинат своите интереси со носителите и барателите на лиценци за вршење на енергетска дејност, преку продажба на акциите или повлекување од функцијата.

На претседателката на Антикорупциската комисија вчера и било јавено дека Тунески се одлучил за втората мерка и веќе ги продал акциите, но официјално известување до Комисијата се уште нема.

Бајрами им укажа и на собраниските Комисии кои ги бираат членовите во регулаторните и во другите владини тела, претходно да проверуваат дали имаат судир на интереси.

Регулаторната комисија за енергетика нема да побара од Собранието да го разреши Тунески, иако според Член 19 од законот, имаат право да го сторат тоа, доколку некој од членовите ја злоупотребил функцијата или работел спротивно на законот. Ја префрлаат одговорноста кај Собранието, кое ги именува и разрешува членовите на регулаторните тела. Тврдат дека тој веќе ги продал акциите и за ова ја известил Антикорупциската комисија.

По одлуката на Антикорупциска, остана нејасно и зошто матичната комисија за избори и именувања му прогледала низ прсти на Тунески и не го спречила судирот на интереси пред две и пол години, кога го назначиле за член на Регулаторна? Зошто уште никој не го испитува можното влијание или трговија со влијание при досегашното гласање на Тунески за одлуките на Регулаторна, како член на независно регулаторно тело и сопственик на 10 обични акции во енергетска компанија? Зошто институциите се` уште молчат и за отворените закани кон најголемата енергетска компанија во земјава?

Во моментов Тунески ја извршува функцијата член на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, а според анкетниот лист што го доставил до Антикорупциска, неговиот имот тежи над половина милион евра. Пријавил заштеди на повеќе штедни книшки во една банка, дел негови, а дел на сопругата од околу 300.000 евра. Само од камати од заштедите годишно му легнувале околу 8.000 евра, а во сефот во банка кој го пријавил имал 20.000 евра. Завел и три станови во Скопје, од 94, 87 и 51 метар квадратен, на негово и на име на сопругата, вредни околу 205.000 евра.штедна книшка во банка прикажал заштеди од 300.000 евра. Само од камати му легнуваат по 8.000 евра годишно, а сефот во банки му тежи 20.000 евра. Но Тунески одговори дека не е ништо спорно тоа што, како професор се стекнал со толкаво богатсво. Дел било наследство, а другото го заработил од плати и проекти. Рече и дека половина милион евра дури се малку со оглед на тоа што има 60 години

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија