18 Мај, 2024
0.0277

Антони Пешев: Анѓушев ништо не ни навести

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Антони Пешев, поранешниот владин министер а сега претседавач на собранието на Стопанската комора, во интервју за Фактор Магазин откри дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не им го најавил прогресивниот данок на бизнисмените, иако бил назначен од таа провиненција. Стопанската комора на Македонија била ставена пред свршен чин.

- Знаевме дека ќе се носи данок за приходи над 60.000 денари, но никој не не праша за овгие сет-мерки. Овој закон се носи во критично време за македонската држава. Тајмингот е преклопен со носењето на тешки политички одлуки и можеби целта е да се дефокусира јавноста. Ова решение е на товар на кршливата македонска економија. Ќе бидат оданочени најдобрите експерти во Македонија. Ние дополнително ќе ги оданочуваме оние кои ни се најпотребни во државата. Оние кои се најмобилни и тие што се решени да заминат од земјата сега ќе бидат уште помотивирани да го направат тоа. Даночната реформа првенствено се однесува на платите, но има и странични зафаќања за кои ќе има повисока стапка која не е прогресивна - вели поранешниот политичар.

Стопанската комора на Македонија не е политичка партија и не може да одлучува на владини седници. Малку замирисува на популизам, а нас не ставаат во неблагодарна ситуација, бидејќи ние сега треба ли да се спротивставуваме на некој светски концепт на развиена економија, додава Пешев.

Вели дека странските инвеститори нема да бидат погодени, бидејќи не даваат толкава плата, односно не ангажираат такви високоплатени профили, па тие нема да се противат.

Според Пешев, македонската економија и владата треба да се насочени кон намалување и ефикасност на администрацијата. Според него, тоа треба да биде економски приоритет, а не зголемување на даноци, кои се типични за вонредни ситуации, како на пример војна.

Во емисијата гостуваше и режисерот Слободан Унковски, кој исто така имаше свое видување за новото оданочување.




Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра