20 Јуни, 2025
0.0281

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

Објавено во: Економија 17 Мај, 2024 16:11

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД - (ujp.gov.mk)има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја  коригира пријавата!

По истекот на овој законски рок, потврдените и Годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

Кај обврзниците во чија ДЛД  ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците  во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава  да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход , плаќање и поврат на данок можете да се обратите на info@ujp.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување

ЛИДЛ УШТЕ НЕ НИ ОТВОРИ ПРВА ПРОДАВНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА, А ВЕЌЕ СЕ „ШТАНЦААТ“ ЛАЖНИ ОБЈАВИ ЗА НАГРАДНИ ИГРИ: Од компанијата излегоа со важно соопштение

ЛИДЛ УШТЕ НЕ НИ ОТВОРИ ПРВА ПРОДАВНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА, А ВЕЌЕ СЕ „ШТАНЦААТ“ ЛАЖНИ ОБЈАВИ ЗА НАГРАДНИ ИГРИ: Од компанијата излегоа со важно соопштение