29 Април, 2024
0.0337

Антонио Милошоски дефинитивно нема да се кандидира, одлучи за кој кандидат за претседател ќе лобира

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски, влијателниот член на ВМРО-ДПМНЕ, дефинитивно нема да се кандидира за претседател на Македонија откако соопшти дека како партиски делегат на партиската конвенција ќе гласа за колегата-пратеник Влатко Ѓорчев да биде номиниран во трката за шеф на државата на претседателските избори на пролет.

„Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за мотивираноста и како делегат на Конвенцијата во Струга ќе ја има мојата целосна поддршка. Најбитното за ваквата поддршка е тоа што со Ѓорчев споделуваме блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Република Македонија (втемелени на македонско-американското стратешко партнерство што го потпишав во 2008 година, стратешкото партнерство со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа).
Го ценам тоа што Влатко Ѓорчев како личност цврсто се залага за промоција на семејните вредности како темелна основа во општеството, а како пратеник одлично знае што значи да се биде непосредно избран од граѓаните, како темелна вредност во демократијата“, напиша Милошоски денеска на својот профил на Фејсбук.

Тој верува дека Ѓорчев, доколку биде избран од ВМРО-ДПМНЕ а за тоа шансите по подршката на Милошоски се најверојатно најголеми, на крајот ќе го победи својот конкурент од редовите на власта на изборите во мај.

„Негласањето на незаконскиот референдум, каде мнозинството Македонци јасно беа против октроираниот проект на Заев за менување на уставното име на Македонија, беше правилен став и на Влатко Ѓорчев, но и став на најголемиот број на гласачи во цела држава. Од 2006та наваму Ѓорчев успешно го потврдува неговиот изборен легитимитет, а довербата од гласачите со победнички резултат ја има потврдено како во третата, така и во шестата изборна единица“, смета пратеникот.

Наведе дека Ѓорчев како претседател на Македонија.има капацитет да додаде дополнителна вредност за земјата.

„Како секретар за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев има стекнато значајно искуство и ценам дека достоинствено го следи примерот на Борис Трајковски, кој го постави колосекот на партиските меѓународни контакти пред да биде избран за претседател на државата.
Убеден сум дека Владимир Ѓорчев има потенцијал да ја добие поддршката на најголемиот број на делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 16ти Февруари во Струга. Со среќа и со успех!“, истакна Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени