Апасиев: Ќе тужам за биолошки тероризам ако пратеници на СДСМ дојдат во скафандери

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021 17:04
Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, се закани со тужби доколку на утрешната седница во Собранието пратеници на СДСМ излезат од изолација и дојдат со скафандери да гласаат.
„Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот“, напиша пратеникот на Фејсбук.
Владеачкото мнозинство според медиумските информации размислува да ги доведе своите пратеници кои што се во изолација во скафандери во Собранието на утрешната седница за да бидат изгласани законите од 36 седница што предвидуваат економска помош за компаниите и граѓаните.
„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места. Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со петтиот пакет. Граѓаните треба да знаат. Опозицијата прави се за помошта да не стигне кај граѓаните. Ние правиме се за помошта да стигна кај граѓаните. На крајот, граѓаните ќе бидат победници. Парите на граѓаните мора да стигнат кај нив“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ,
Ваков простор се остава во случај доколку утре повторно нема кворум, бидејќи на тенкото мнозинство му фалат тројца пратеници кои се во изолација поради Ковид-19.
Во моментов не е познато дали опозициските пратенички групи ќе имаат волја да обезбедат кворум на седницата која претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа за утре во 14.00 часот, иако денеска има изјава од Алијансата за Албанците дека ќе присуствува за да не му овозможи простор на спикерот за изговор.
Џафери инсистира прво да биде довршена 32 седница, а дури потоа да следува 36-та на која се законите од четвртиот и петтиот пакет на економска помош.
Можеби ќе ве интересира
Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема
ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ - ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ - објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните
