12 Декември, 2025
0.3194

СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2025 12:34

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи покрена кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“.

- СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.Ш.(43), Е.Д.(28), К.И.(19), Е.И.(44), А.Ј.(27), А.Д.(31) и Ф.К.(18), сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Пријавените лица неовластено тргувале со отпад, односно се занимавале со откуп на отпадни метални предмети и хаварисани возила од разни физички лица, по што вршеле механичко одвојување, сортирање на делови и екстракција на метали, кои подоцна ги носеле во регистрирани отпади. Односно кај правни субјекти кои вршат дејност складирање и третман на отпад или кај пријавениот А.Ш., каде ги продавале по повисока цена со цел да остварат материјална корист. 
Исто така, А.Ш. вршел и складирање на отпадни работи во непосредна близина на неговото живеалиште во Струмица и ги организирал останатите пријавени лица да вршат откуп на отпадни метални работи од трети лица и да му ги продаваат нему - се појаснува во објавата на МВР. 

Од Министерството додаваат дека лицето, за да ја постигнат целта им давало на користење возила во кои товарале и носеле отпадни работи, а за негови потреби останатите пријавени лица вршеле и транспорт на веќе одвоените и сортирани метални предмети до овластени отпади и слично, за што А.Ш. им плаќал определен паричен надомест.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани

Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

„Сарај започнува од нула. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“: ВРЕДИ со поддршка за градоначалникот Елмази

„Сарај започнува од нула. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“: ВРЕДИ со поддршка за градоначалникот Елмази

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ЗАКОПАНО ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО НЕГОТИНО: Постои сомнение дека е жена која била пријавена за исчезната и противправно лишена од слобода

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ЗАКОПАНО ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО НЕГОТИНО: Постои сомнение дека е жена која била пријавена за исчезната и противправно лишена од слобода

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“