Арбен Зибери: Добро би било да се прават анализи пред вакцинирање, но нема време за тоа
Објавено во: Македонија 05 Април, 2021
Доктор Арбен Зибери вели дека претходни носители на вирусот не треба да се вакцинираат на почетокот од масовната имунизација против Ковид-19, но дека ситуацијата не дозволува широка и опсежна анализа.
- Тие што имаат присуство на антитела, барем сега кога има недостаток на вакцини, не треба да се опфатат со планот на имунизација. Треба да се направат некои чекори, но поради големиот пик на пандемијата, не би требало да се вакцинираат носители на вирусот. Тоа е непотребно, а не опасно. Треба да се направат ПСР-тест, крвна слика, крвните параметри да се видат, пред да се одлучи да се вакцинираат. Зошто инаку би ги вакцинирале луѓето со антитела?, рече поранешниот в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје.
Според Зибери, инаку гостин во студиото на 24 Вести, некој може да има трајни антитела, додека кај некои тие може да траат три или шест месеци, но дека здравството нема време за такви опсежни анализи.