АРСОВСКА ПОЧНА СО „ЛАЈВ“ ВИДЕА: „Висар Ганиу, не се криј, дечко“
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 13:10
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, беше во инспекција на нелегален објект на Бит пазар-пластичарска улица во Општина Чаир и сето тоа го емитуваше во живо на социјалните мрежи. Таа во живо се вклучи додека одеше во објектот, и побара од МВР да реагира.
Таа рече дека објектот се гради без никакви документи и дека е на државно земјиште.
„Во моментов во општина Чаир спротивно на закон си почнале нова дивоградба, за жал во овој момент не реагира МВР, го повикуваме министерот Тошковски кој би требало да реагира, и го повикуваме Стојанче Ангелов овие необезбедениве дупки, каде може сакој случаен минувач да се повреди, да излезат на лице место и да ни кажат дали има сејфти фрст. Направен сериозен ископ, започната градба. Општина Чаир и „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде. Возила нерегистрирани кои работат на објектот, без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту еден документ со кој се гарантира безбедност на градба, и да не се чудиме она кое се случува во Македонија. Дополнително објектот е во ГУП на Скопје, каде овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ“, рече Арсовска.
Притоа, Арсовска зборуваше и со оние кои се ангажирани за изградба на објектот, кои не добиле налог. Рече дека на објектот нема никакво план на градба ниту проект. Потоа побара налог од вработен на фирмата, и се расправаше со него.
Низа критики изговори за Ганиу и го повика да не се крие.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




