16 Јануари, 2025
0.0338

Арсовска -Томовска: Цените на роамингот ќе се намалат за пет пати!

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Со документот што денеска беше потпишан во Будва, цените на роамингот меѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина нема целосно да се изедначат со оние во домашен сообраќај, но ќе се намалат и до пет пати, појаснува заменик-министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска. „Цената во роаминг за разговор преку мобилен телефон, за СМС пораките и за интернет сообраќајот ќе биде намалена. Со тоа што тоа не значи дека ќе зборуваме, како да се зборува дома, туку ќе биде намалено во смисла на тоа дека цените ќе се намалат за пет пати. Ако зборуваме за тоа кои цени сега важат на ниво на ЕУ, некаде би било 10 - 11 денари за минута разговор,  тоа се актуелните цени кои сега таму важат“, појаснува таа. До ова ниво треба да стигнат и цените меѓу земјите-потписнички, но намалувањето ќе се случува постепено. Регулаторните тела од овие земји ќе ја испланираат динамиката со која ќе се случува поевтинувањето, а ќе се менува и законската регулатива за да се овозможи спроведување на измените. Првото реално намалување на цените може да се очекува следната година. Надлежните велат дека кај домашните мобилни оператори нема негативни реакции и тие се вклучени во целиот процес. Единствено отпор имало кај црногорските оператори, кои голем дел од приходот во летните месеци остваруваат преку роаминг услуг за туристите. „Но, долгорочно, бидејќи туристите сега не го користат роамингот кога одат во странство, се претставува дека кога ќе има пониски цени граѓаните повеке ќе зборуваат и тоа ќе ја опрвада таа работа. Тоа нема да им ги намали приходите на операторите, дури може и да се зголемат“, вели Арсовска-Томовска.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката