20 Декември, 2025
0.0395

Атина и Берлин во војна за репарации

Објавено во: Свет 16 Април, 2013 13:31

Добивај вести на Viber

Тензија царува во односите меѓу Атина и Берлин, која се изроди од провокативниот начин на кој германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, се обиде да ја вклучи темата за германска репарација од Втората светска војна, обврзувајќи ја со програмата за реформи на Грција. Во својот одговор, грчкото Министерство за правда објави дека тоа прашање станува отворено.

Атина дури смета и дека по прашањето за окупацискиот заем, кој Грција била присилена да го склучи со нацистичкиот режим помеѓу 1942 и 1944 година, таа има многу посилни аргументи отколку по прашањето за компеназции, затоа што за тоа постои склучен договор со Централната банка на Грција.

Шојбле за еден германски весник рече дека изјавите за грчки претензии по прашањата за воени репарации од страна на Германија, се „неодговорни“. „Многу поважно е луѓето во Грција да не тргнат во погрешна насока, туку да им се објасни на каков начин во земјата мора да бидат спроведени реформите. Грција досега постигнала многу, но државата се уште има долг пат да мине, и не е во ред да скршне од него“, дополнил тој.

Германскиот министер за финансии ја повторил познатата теза на Берлин, дека не станува збор за репарации, како што објаснил: „Што се однесува до претензиите за исплаќање репарации, не гледам никаква надеж тоа да се случи, зашто тоа прашање е одамна затворено“.

Одговор на овие високи тонови и провокативни зборови даде грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, кој рече дека прашањето за репарациите останува отворено и дека не може да се прави никаква споредба меѓу реформите во Грција сега и германските репараци од времето на Втората светска војна.

„Дали е истечена или не важноста на тој проблем, за тоа ќе се произнесе меѓународното праводсудство, затоа што тоа прашање по својата суштна е во компетенција на меѓународното право и на меѓународните органи на правдата“, рече раководителот на грчката дипломатија. Тој додоаде и дека „Грција не се дезориентирала од својата политика на реформи, иако со големи жртви, кои тежат на плеќите на нејзиниот народ...“

Во меѓувреме, Димитрис Аврамопулос поднел барање до Палатата на правдата за репарациите, за да се добие компетентен правен совет државата да направи оценка на содржината кои се дадени во него, и да ги подреди по важност грчките претензии. Тој всушност рече и дека „Од воените репарации, останува отворено прашашањето за земот, кој грчката Централна банка била присилена да го склучи со германските и италијанските окупациски сили“.

Изјавите на Шојбле предизвикаа остри реакции во Атина. Ветеранот од војната, Манолис Глезос, изјави дека германскиот министер за финансии „освен стремежот да владее со државите од Европа, воопшто не е запознат со историјата“.

Пратеничката од ПАСОК, Фофи Генимата, рече дека за Грција прашањето за германските репарации било и останува отворено, и дека државата нема да отстапи од своите права.

Лидерот на партијата Независни Грци, Панос Каменос, ја коментира изјавата на Шојбле како „предизвикувачка“, и го повтори својот предлог грчките барања за воени репарации од Германија да бидат вклучени во буџетот на државата.

Крајно десната Залтна зора, пак, предлага Грција веднаш да сопре со плаќањата на долгот, и кон обврските кон Германија да го вклучи својот окупациски заем, изјавувајќи (иако во принцип им даваат поддршка на носталгичарите на нацизмот), дека е „нужно државното раководство конечно да стави крај на ... туѓото владеење“.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот