19 Јануари, 2025
0.0619

Атлантик група бележи раст на приходите од продажба

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

 Атлантик група во првите девет месеци во 2013 година оствари приход од продажба во износ од 496,7 милиони евра, што е раст од 2,6% во однос на истиот период лани. Добивката пред камата и оданочување порасна за 13 проценти односно на 50,1 милиони евра, додека нето добивката после надоместокот на малцинските акционери во овој период изнесува 25,8 милиони евра благодарејќи, меѓу другото, на значајно намалените трошоци за камата после минатогодишното успешно рефинансирање.

За вкупниот раст на приходите од продажбата , посочуваат од Атлантик група, најмногу придонесле стратешките деловни области - спортска и активна исхрана (13,7 проценти), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Шпанија и Русија, слатко и солено (5,4 проценти) со значаен раст на продажба во категоријата флипс, кекси и чоколади на пазарите во Србија, Црна Гора и Македонија, потоа Здравје и нега (5,2 проценти) кои бележат раст на рускиот и хрватскиот пазар.

Кафето со 20,9 проценти удел во вкупниот приход се истакнува како најголема поединечна категорија со 104  милиони евра приход од продажба. 

„Со успешна примена на зацртаните стратегии, Атлантик група во првите девет месеци на 2013 година продолжи со органски раст на приходите од продажбата, со подобрена профитабилност. Особено сме задоволни со лансирањето на нови инвестиции и фактот дека резултатите ја потврдуваат стабилноста на нашиот бизнис модел во тешка економска средина. Освен тоа, со постигнатите резултати на пазарите во Русија и други ЗНД како и клучните европски пазари ја потврдуваме интернационализацијата како наш стратешки фокус. Во исто време сме посветени на континуирано управување со ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски ", рече Емил Тедески, извршен директор на Атлантик група.

 Во третиот квартал, со потпишување на прелиминарниот договор во Индустрискиот парк Нова Градишка, Атлантик група започнаа со инвестиција во новата фабрика за производство на енергетски барови од широката палета на спортска и активна храна. Проектот во вкупна вредност од 16 милиони евра, во првата година на производство ќе обезбеди 50 нови работни места, а со планираниот пораст на бизнисот, бројката ќе достигне 160 нови работни места.

Изградбата се планира да започне во април 2014, а првите производи од оваа фабрика се очекува да се појават на пазарот во првиот квартал од 2015 година.

Во однос на пазарите, најголем раст е забележан во Русија и други од ЗНД (25,4 проценти), со што овој пазар постигнува 5,6 проценти од вкупната продажба во вкупниот приход на Атлантик Група. Словенија, како пазар кој е трет по големина според приходите од продажбата, бележи 7,4 проценти раст. Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 12,2 проценти од вкупната продажба, исто така, остварија пораст  за 4,2 проценти. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажба со 25,4 проценти, по што следи српскиот пазар со 23,6 проценти.

Брендовите во сопственост на Атлантик група учествуваат во продажбата со 72,4 проценти, дистрибуцијата на производи на стоковни марки од принципалите изнесува 14,8 проценти, синџирот на аптеки Farmacia со 6,1 проценти, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и во странство во вкупниот приход од продажба изнесува 6,7 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ