At&T го презеде Time Warner за огромни 86 милијарди долари
Објавено во: Економија 23 Октомври, 2016
Мобилниот оператор At&T од САД вложи 86 милијарди долари за преземање на Time Warner компанијата која пак е многу вредна со оглед на тоа што поседува телевизиска мрежа, холивудски студија за изработка и дистрибуција на филмови и уште многу други „скриени„ различни оддели.
Токму можноста за понуда на своја интернационална мултимедијална содржина го привлече At&T кој од само мобилен оператор сака да прерасне во новиот интернет хит како Netlix кој емитува туѓи но и филмови и ТВ серии од сопствена продукција, а му се доближуваат и Amazon, Sony и останатите.
At&T половина од парите ќе ги плати во акции, а половина во ќеш и токму така ќе ги исплати бројните директори на оддели на Time Warner. Рендал Стивенсон, извршиот директор на At&T ќе биде главен предвоник на новата заедничко формирана компанија.