Авганистанец се самозапали во магацин на супермаркет во Германија
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Деветнадесетгодишен Авганистанец е во сериозна состојба во болница, откако се поли со бензин и се самозапали во складиштето на супермаркет во германската провинција Баварија, соопшти ДПА.
Тоа се случило во градот Гајмерсхајм, кој се наоѓа меѓу Нирнберг и Минхен. Огнот бил брзо изгаснат, но мажот, кој е кандидат за азил, се здобил со тешки изгореници, пред да биде сместен во болница, соопшти полицијата.
Мотивот засега е непознат. Мигрантот имал и нож, но не го користел. Тој го купил од бензинска пумпа горивото, по што се запалил во складиштето.