27 Април, 2024
0.0268

Авионот „Етиопиан ерлајнс“ кој се урна беше нова ѕвезда на Боинг, а со него летаат и најголемите компании во светот

Објавено во: Свет 11 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Боинг 737 на „Етиопиан ерлајнс“ се урна непосредно по полетувањето од Адис Абеба и при таа прилика загинаа сите патници и членови на екипажот , вкупно 157 лица. Тоа е втора несреќа на новата верзија на најпродаваниот авион на американската компанија со човечки жртви во последните пет месеци.

Авионот на летот ЕТ302 се урна неколку минути откако полета кон својата цел во Најроби (Кенија), соопшти во неделата најголемата афричка авиокомпанија. 

Боинг внимателно ја следи ситуацијата во врска со леталото Мах 8 кое во ноември и е испорачано на компанијата.

Несреќата побудува страв во врска со безбедносното подобрување на тесниот модел 737 Мах. Авион од истиот тип на индонезиската компанија „Лајон ер“ се урна во Јаванско море недалеку од брегот на Индонезија на 29 октомври кога загинаа 189 патници и членови на екипажот. Првите резултати од истрагата наведувале на заклучок дека пилотите не можеле да ја вратат контролата над леталото после дефект на опремата.

Новиот „боинг“ со еден премин помеѓу седиштата е обвновена верзија на дизајнот на кој светската флота се заснова 50 години, а е во употреба од мај 2017.

Податоците од црната кутуја на авионот „Лајон ер“ укажуваат на грешка во сензорот кој предупредува на опасност од запирање, поради што се активирал сигурносниот систем познат како Систем за зголемување на маневарските карактеристики.

Пилотите брзо реагирале така што го притиснале прекинувачот за подигнување на носот на авионот, а циклусот е повторен дваесеттина пати пред авионот дефинитивно да се урне.


За авионот:

Боинг 737 МАХ е нова фамилија на авиони на компанијата Боинг. Новите модели се базирани на моделите „737 Следна генерација“ кои воедно и ќе ги заменат. Ова ќе биде четврта генерација на Боинг 737. Главната модификација во однос на претходната генерација е употреба на поголеми и штедливи мотори CFM International LEAP-1B, додека мали измени ќе се извршат на крилата и стоечките органи. Првата испорака на моделот 737 МАХ била планирана за 2017 година кога се славеше половина век од првиот лет на Боинг 737.

Првиот лет на новиот модел е спроведен на 29 јануари 2016 година, точно 50 години по првиот лет на Боинг 737.

До крајот на декември 2016 година авиокомпаниите порачале преку 3 600 летала од овој тип.

Меѓу најголемите купувачи се „Саутвест ерлајнс“ , „ФлајДубаи“, „Лајон ер“ и други кои може да ги видите во табелата која ја објави Блумберг.


Капацитет 126 (2 класа) , 162 (2 класа) , 180 (2 класа)

Должина 33,6 м, 39,5 м, 42,1 м

Висина 12,5 м

Крстаречка брзина 842 km/h 

Максимална маса на полетување  72.303 kg; 82.191 kg; 88.314 kg

Долет 6.208 km; 6.513 km; 6.513 km

Мотори  (× 2) CFM Leap-1B



FOTO: BRIYYZ / WIKIPEDIA


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни