18 Мај, 2024
0.0397

AVON со силна поддршка на убавината во служба на повисоките цели

Објавено во: Мои пари, Стил 25 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Успешните и самостојни жени кои ја користат моќта на убавината за да ги мотивираат другите околу себе да бидат исто толку успешни, се носечката идеологија во работењето на козметичкиот гигант AVON која компанијата ја наслови како „Убавина со цел“.

Водејќи се од ова начело, AVON ја подигнува продажбата на производи за убавина на многу повисоко ниво. Компанијата, која веќе 130 години се залага за промоција на убавината, иновациите и оптимизмот и овојпат во својот фокус ги става жените. Односно, оние жени за кои убавината не е крајна цел, туку средство за креирање подобро општество. „Убавина со цел“ всушност ја раскажува и слави целата приказна на компанијата од нејзиното основање досега – од создавањето врвни производи за убавина по многу прифатливи цени, до бројните можности за заработувачка кои на жените им помагаат да станат успешни и независни.

AVON - Ubavina so cel 02

Токму овие жени се клучните фигури со кои многу успешно се гради продажната мрежа на AVON. Доволен доказ се шест милиони Претставници на AVON низ светот, жени кои се инспирација за другите. Но, компанијата не застанува тука и постојано работи на проширување на својот огромен тим со мотивирани жени кои се подготвени да придонесат за себе и сопственото семејство, како и да се приклучат кон мисијата на AVON за создавање подобар свет. Во периодот што следи компанијата преку апликација на социјалните мрежи ќе ја отвори вратата за нови членови кои ќе станат дел од големото семејство на AVON и ќе добијат можност да направат нешто за себе, но и да придонесат за целото општетство, споделувајќи ја својата лична порака за повисоките цели на убавината.

Својата мисија за создавање поубав свет компанијата ја потврдува и преку хуманитарната продажба на специјално избрани производи од нејзините брошури. Притоа, 100 отсто од профитот од продажбата на овие производи се насочува кон различни хумани цели, како што се кампањите за борба против ракот на дојка и против семејното насилство.

- Во AVON, убавината е патувањето, a осамостојувањето е целта. Ние создаваме производи за убавина со докажан квалитет и вредност, кои нашите Претставници лесно ги продаваат и ја стекнуваат довербата на нивните семејства, пријатели и останати купувачи. „Убавина со цел“ ја опфаќа целата оваа едноставна вистина – кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш убавина околу себе – потенцираат од AVON.

AVON - Ubavina so cel 03

Од AVON веруваат дека успешната и самостојна жена е убава жена. Затоа компанијата преку својот препознатлив начин на работа се стреми да создаде свет со што повеќе такви жени, кои ќе го направат поубаво место за живеење.

- Во AVON, не покажуваме со прст кон жените и не ги притискаме да бидат и прават повеќе. AVON не им кажува на жените „Ти можеш да го направиш тоа“, туку ги славиме жените поради тоа што веќе го прават. Не им кажуваме да бидат силни, туку го славиме моментот колку тие се силни денес. AVON има убава и чиста визија. Денес имаме шест милиони причини за успех бидејќи имаме шест милиони Претставници кои веруваат во моќта на AVON да создаде поубав свет – велат од компанијата.

Компанијата AVON во Македонија е присутна една деценија. Таа им нуди можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, колку што имало Претставници на AVON во земјава во изминатата декада. Компанијата е лидер во директна продажба во Македонија која што на својата продажна структура и овозможува да изгради сопствен бизнис. Минатата година AVON Македонија го заокружи својот десетгодишен јубилеј со продажба од 25 милиони производи за убавина годишно, а доби и свое заштитно лице. Mега популарната македонска ѕвезда Каролина Гочева, како дел од големото AVON семејство, преку својата успешна кариера, талент, независност, храброст и прекрасна појава несомнено ја покажува и докажува повисоката цел на убавината и ги инспирира и охрабрува останатите жени во Македонија.

За повеќе информации, посетете ја нашата страница: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/ubavinasocel/

За да учествувате во FB натпреварот, посетете нѐ на facebook страницата на AVON

https://www.facebook.com/AvonMacedonia , најавете се во апликацијата, прикачете своја слика, напишете што значи за вас убавината и станете дел од нашата кампања „Убавина со цел“.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата