Австрија бара готвачи, келнери и собарки
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2016
Австрија преку европската мрежа Еурес бара 1345 готвачи, 1061 келнер и 308 собарки.
Овие луѓе се потребни за работа во туризмот. Како што пишуваат словенечките медиуми, неколку илјади Словенци во текот на зимата работат во Австрија.
На Словенците оваа работа им е примамлива заради добрата заработка, но и заради близината. Секој ден Словенците од северниот дел на земјата патуваат до работа во Австрија и по завршување на работните обврски се враќаат назад.
Воедно во Австрија се бараат и инструктори по скијање.
Кадри за вработување бараат приватни агенции, но и самите работодавачи.
Во просек платите се 1.300 евра за работна недела од шест дена, а заработката на готвачите е повисока.
На овие работници работодавците им даваат и 13 плата.