Австрија и одговори на Германија колку бегалци ќе превземе
Објавено во: Свет 08 Јули, 2018
Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл и порача на Владата на Германија дека Австрија нема да преземе ниту еден бегалец од земјата.
– Ние нема да преземеме никој за кого не сме надлежни и точка, нагласи Кикл.
Тој наведе дека со министерот за внатрешни работи на Германија остварил два разговори и дека било ветено дека нема да се враќаат бегалците.
– Меѓутоа, за се да биде јасно, договор кој би бил на штета на Австрија нема да потпишеме ниту за 100 години, потенцираше Кикл.
Тој најави дека Австрија во иднина ќе ја зголеми контролата на јужната граница.
– Ние го пренесуваме притисокот понатаму со цел еден ден да бидеме онаму каде што е местото на проблемот, а тоа е на надворешните граници на Европската унија, објасни Кикл.