15 Мај, 2024
0.0262

Автентичен стил и бунтовнички став во новата есен-зима ’16 колекција на HUGO BOSS

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Вљубениците во елегантната машка мода и одличниот квалитет веќе можат да се упатат во продавницата на Hugo Boss и да ги откријат најновите колекции за есен/зима 2016/17. Оваа сезона новитет во колекциите на брендот достапни кај нас, е колекцијата HUGO која освен класичните парчиња и кроеви препознатливи за брендот има и помодерна, помладешка нишка.

W16FW_BM_006_203x276_P

HUGO

Строгите кроеви и богатите материјали се надополнети со необични детали кои даваат нов изглед на класичниот стил. Моделите за оваа сезона доживуваат реинтерпретација со доза на бунтовништво, истражувајќи ја темната страна преку кројачкиот талент. Овој изглед е инспириран од Холивудските гангстери и модернизиран во софистициран бунтовник со автентичен HUGO стил, кој вклучува тенки пруги на оделата и незаменливи „бомбер“ јакни. Џинсот за оваа сезона добива нов сјај благодарение на возвишените јапонски ткаенини, со мазни површини и модерни финиши. Најситните детали можат да направат многу разлика, риги во сина и црвена боја се појавуваат на неочекувани места на маиците, а контрастни ленти се појавуваат и на кошулите.

Релаксирани кроеви на маиците, создадени од лесни и меки материјали се комбинираат со „слим“ панталони. Лежерен изглед, но ставот кој се прикажува преку нив ве одвојува од останатите.

BOSS Green

Испланирајте патување надвор од градот и директно на планинските предели со Green колекцијата на BOSS која има голферски шмек. Класичниот лежерен дизајн, преку графички принтови и смели бои ја пренесува енергијата на метрополата, балансирајќи помеѓу модерното и комфорното. Спојувањето на повеќе материјали, придонесува за поголеми перформанси и прогресивна удобност. Плетените ткаенини се судруваат со контрастни индустриски материјали, додека пак еластичноста на памукот и волната ја зголемуваат слободата во движењето.

W16FW_BM_009_203x276_P

Иновативниот дизајн во колекцијата овозможува ултимативна функционалност. Термо структурата ја задржува топлината, а истовремено овозможува дишење, дозволувајќи потта лесно да испари од телото.

Еклектични комбинации и дизајни инспирирани од шкотските планински предели со влијание на архитектонски елементи ѝ даваат на колекцијата футуристички изглед. Јакните изработени од лесен материјал во препознатливата зелена боја и во други темни нијанси, ќе бидат одличен придружник на урбаниот маж кој е секогаш во движење.

BOSS Orange

Преку живописни бои, карираната волнена и твид ткаенина се претставени на друго ниво во колекцијата на BOSS Orange за есен-зима 2016. Искомбинирајте ја карираната кошула во поформален изглед и ќе добиете стил инспириран од рокенрол музиката и култура. Бидете храбри, есента е идеална за слоевито облекување кое ќе го комплетирате со автентична кожна јакна.

Есенската колекција на BOSS Orange ја сочинуваат класични модни парчиња со индивидуален рокенрол став во кроењето. Дизајнирани со стил, без разлика за што и да се одлучите, сакоата со остри кроеви, кожните јакни и соврешните „чино“ панталони се клучни за оваа сезона.

Слободниот дух е претставен преку кожните моторџиски јакни и блузони со „винтиџ“ шарм и истите одат одлично со стилските џинс парчиња. Океанот е главна инспирација за сините нијанси во колекцијата. Откријте ги кожните парчиња во морнарски бои и џемпери со графички принтови со тематски цртежи кои го отсликуваат морето.

Земјените тонови на маслинеста, беж и „каки“ боја ја носат колекцијата во друг правец, нудејќи облека за преку ден која лесно може да ја комбинирате.

W16FW_BM_011_203x276_P

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти