01 Септември, 2024
0.0284

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

 Европската унија изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија на давање заклетва, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС)

- ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција, се наведува во соопштението од ЕЕАС.

Kryetarja e Komisionit Evropian, Ursula fon der Lajen pasdite përmes rrjetir social X porositi se Maqedonia e Veriut duhet të vazhdojë me integrimin në BE përmes zbatimit të reformave dhe res

Претходно, и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку социјалната мрежа Х порача дека Северна Македонија треба да продолжи со приспатувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

- За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа, напиша Урсула фон дер Лајен


Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

-Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или  функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите. 

Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија.


Адеми: Сиљановска Давкова во говорот го прекрши Уставот и не кажа ништо за евроинтеграциите

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми денеска на прес-конференција по инаугурацијата во законодавниот дом на новата претседателка на државата Гордана Сиљановска Давкова оцени дека „го прекршила Уставот при положувањето на нејзината заклетва, повикала на единство а спомнала само двајца лидери на партии и не кажала ништо суштинско и не се осврнала на евроинтеграциите“.

– Изразуваме жалење за говорот на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова. Го згази Уставот уште на прва реченица неспомнувајќи Република, ниту Република Северна Македонија, со сите импликации кои ги има тоа. Рече време е за единство, а спомна само двајца лидери од македонскиот блок, исклучувајќи ги сите останати, рече Адеми. 

Според Адеми, новата претседателка во нејзиниот говор не кажала ништо суштинско, посочувајќи дека Силјановска Давкова не се осврнала на евроинтеграцискиот процес на земјава и нејзините предизвици.

– Беше говор за 8 март без ништо суштински, ниту се спомна НАТО и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и сите предизвици кои ни претстојат, ниту кажа еден збор за Европската унија и евроинтеграцискиот процес на земјава со сите предизвици кои не очекуваат. Не кажа ниту збор за негувањето на меѓуетничките односи, ниту за Преспанскиот договор, ниту за Договорот за добрососедство со Република Бугарија, ниту за уставните измени, рече Адеми.

Вели во говорот не недостасувале апострофирања на жени лидери кои и честитале за изборот и потенцираше дека честитката на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, намерно не била спомената во нејзиниот говор.

– Намерно не ја спомна честитката на претседателката на Република Косово за нејзиниот избор, иако не недостасуваа апострофирања на жени лидери кои и честитаа за изборот. Со првата нејзина реченица веќе создаде криза помеѓу Репуиблика Северна Македонија и Република Грција, подвлече Адеми. 

Силјановска Давкова во нејзиното обраќање пред присутните пратеници во Собранието, дипломатскиот кор, како и претставниците на политичкиот и општествениот живот, рече ќе биде претседателка на сите граѓани и нема да прави разлика меѓу нив ниту по етничка, ниту по верска, ниту по полова или било каква друга разлика. 

Нејзиниот говор таа им го посвети на жените поради кои се нафатила да се кандидира, затоа што сака да ги инспирира жените, посочувајќи на „оние кои на Балканот често не се претседателки на држави“. Порача дека е време за единството „кое може да значи и женска филозофија, женска автентичност, бидејќи ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред се за сите останати“. 


Вреди: Не треба да се отвораат старите рани, претседателот мора да биде пример за почитување на Уставот

Коалицијата Вреди, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова при заклетката во Собранието не го употреби уставното име на државата, порача дека не треба да се отвораат стари рани и оти претседателот мора да биде пример за почитување на Уставот. 

- Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по Уставно право, соопшти вечерва партијата БЕСА од Коалицијата Вреди.  

 Северна Македонија, дополнуваат, е полноправен член на НАТО Алијансата и  со почнати преговори со ЕУ, но не чекаат уставни измени за да продолжиме по Европскиот пат.

-Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, наведува Вреди во соопштението.



Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми и да размисли за одговорностите кон иднината на својот народ

Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. 

Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор. 

-Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“. 


Грчко МНР: Европскиот пат на Северна Македонија и односите со Грција зависат од спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Северна Македонија“, новата претседателка на Република Северна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече „Македонија“.

– Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

-Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

Грчките медиуми со реакција за употребата на терминот „Македонија“ од страна на Давкова

„Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.

Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената како „Северна Македонија“.

-Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.

„Северна Македонија: Провокација од новата претседателка-земјата ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата“; „Северна Македонија: Гордана Силјановска ја нарече Македонија“; „Северна Македонија: Го кажа и го стори тоа новата претседателка“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција.


Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Сиљановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Сиљановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала, во знак на протест поради тоа што Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија.

Фото:принтскрин Х Антонио Милошоски

Ова прв го објави „X“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Инаку, Сиљаноска давајќи заклетва не го употреби уставното име, туку рече Македонија.

Извор:МИА

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси