Автентичното толкување за помилувањето пред пратениците најрано во среда идната недела
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019
Автентичното толкување на законот за членот 11 од Законот за помилување, нема пред 11 ти декември да се најде пред народните избраници, вели за тв 24 собранискиот Спикер Талат Џафери.
Џафери за телевизијата изјавил дека има процедура која мора да се испочитува, а е комплексна. Но, и дека во моментов во Собранието се одржува комисиската расправа за буџетот за 2020 година која е врзана со рокови и мора да помине. На денешната координација пратениците воопшто не го отвориле тајмингот. Извори од состанокот кај собранискиот Спикер рекле дека Џафери само им ги кажал парвилата за постапување со автентично толкување, односно дека за него треба да стигне мислење од Влада пред да се формулира предлог на матичната Комисја, во случајот законодавно-правна. Според информациите на тв 24, никој од присутните, меѓу кои и предлагачите, немал дополнителна интервенција или став околу итноста на барањето.