Добивај вести на Viber
Дваесетина патници се повредени утрово, од кои еден потешко, кога автобус бр.67 на ЈСП Скопје се преврте во Драчево. Автобусот марка „Санос“ сообраќал на релација Транспортен центар-Зелениково.
Повредените веднаш биле префрлени во Ургентниот центар, градската болница „8-ми Септември“ и Градската хируршка болница. Нивната здравствена состојба уште се утврдува. Излетувањето на автобусот од патот се случило во 6:10 часот утрово, но не се познати причините за несреќата.
Во утринските часови автобусите на јавниот градски превоз се полни со оглед на тоа што многу од граѓаните тргнуваат кон своите работни места.
ЈСП најави повеќе информации за несреќата во текот на денот, а со детали за несреќата ќе излезе и СВР Скопје.
ФОТО:
ТВ Сител