19 Мај, 2024
0.0263

Автоматизација и модернизација за пренамена од „Лон“ во класично производство и формирање сопствен бренд

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред текстилната индустрија, како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија. Со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унија и на селење на дел од нивното производство но други земји поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за „Лон“ аранжманите. 

  За развојните можности на текстилната индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија.

Основната цел на стратегијата за развој на текстилната индустрија беше придвижување од „Лон“  кон производство со повисока додадена вредност. Анализите кои се прават укажуваат дека купувачите постепено ќе го напуштаат „Лон“  моделот на производство и ќе бараат чист извоз, а понатаму и производ со вклучен дизајн. Во мооментот 90% од извозот е на база на „Лон“  производство и фактот дека се поголем број на нови купувачи бараат чист извоз, укажува на тоа дека компаниите ќе мора постепено да се прилагодуваат на овој модел кој бара инвестиции во неколу области, почнувајки од човечки ресурси, нивна едукација, потоа модернизација на производниот процес (квалитетна организација на производството), па се до обезбедување средства за набавка на основен и помошен материјал, посочуваат од Стопанската комора на Македонија.

Субвенционирање на ова придвижување, посебно во делот на преоѓањето од „Лон“ производство кон чист извоз во голема мера ќе влијае врз опстанокот на овој сектор во Македонија. Самиот факт дека странските купувачи, ќе инсистираат на еден ваков пресврт укажува на важноста на овие промени, а текстилниот сектор мора да се прилагодува на барањата на пазарот и поради тоа потребна е поддршка која ќе овозможи премин од „Лон“ кон чист извоз, во прво време на сопствен производ со туѓа марка, за да после здобивањето со вакво искуство преминеме и во производство на сопствен брендиран производ.

Имено, Република Македонија во однос на земјите во окружувањето има помала продуктивност што се должина недоволната автоматизација на производниот процес и оваќе предизвика миграција на странските клиенти во соседните земји кои се повеќе ја зајакнуваат својата конкурентноста (на пример, Бугарија, со високата автоматизација во производните капацитети, реализирана со поддршка на нивата Влада и со поддршка на ЕУ фондовите ја прави повеќе конкурентна во однос на Македонија, а  Албанија која не е членка на ЕУ и која беше многу поназад во развојот на текстилната индустрија, сега поддржана од нивната Влада со огромни чекори се движи напред). Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да  направи вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетоти обезбедување на поголема продуктивност од страна на текстилните компании.

Текстилците алармираат на државна поддршка на секторот во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење на гарантни фондови, со цел  пренамена од “Лон” – производство во класично производство т.е формирање на сопствен бренд кој ќе биде наменет за извоз, која беше една од основните цели на Стратегијата за развој на текстилната индустрија.

  Оттука, во услови на веќе воспоставена поддршка преку пакетот мерки за економски раст на Владата, пред сé преку мерките од третиот столб од Фондот за иновации и технолошки развој, текстилните компании ќе треба да ја препознаат можноста за инвестиции во производствените процеси со цел автоматизација и модернизација на опремата наменета за производство.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата