02 Април, 2025
0.0691

АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЌЕ „ЛАПА“ УШТЕ ПАРИ, ново задолжување за експропријација на земјиште

Објавено во: Економија, Македонија 13 Декември, 2022 07:51

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за државни патишта во следниот период ќе се задолжи со над 4 милиони денари. Средствата како што дознава „Фактор“ ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид. За оваа цел, тие добија банкарска гаранција од Владата, со што се создаваат можности ова јавно претпријатие да ја оствари зацртаната цел, односно преку процес на експропријација да создаде услови за комплетирење на автопатот.

Владата на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на 28.11.2022 година“.

Од ЈП Државни патишта за „Фактор“ велат дека банкарската гаранција ќе биде издадена на вредност од 4.138.922 денари, или околу 67 илјади евра.

- Банкарската гаранција се издава исклучиво за експропријацијата. Јавното претпријатие согласно Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2022 година за експропријација има обезбедено парични средства во висина од 200.000.000 денари – појаснуваат од ЈП за државни патишта.

Од таму додаваат дека за експропријацијата за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид, за неколку постапки за експропријација за кои имаше донесено Решенија за експропријација, од страна на Управен суд на РСМ истите се поништени поради недоставена Банкарска гаранција согласно со Член 26 од Законот за експропријација.

- И покрај обезбедените средства ЈП за овие постапки треба да достави Банкарска гаранција за да се заврши постапката за експропријација за решенијата кои се поништени од страна на Управен суд. Банката издава банкарска гаранција која претставуваат вонбилансно задолжување на Јавното претпријатие и истата преставува кредитен производ по дефиниција. Самата гаранција гарантира “исплата на износот на обврската до наведениот износ во гаранцијата” доколку Барателот на гаранцијата не ги исполни превземените обврски - објаснуваат од ЈП Државни патишта.

Од претпријатието додаваат дека во случај на активирање на гаранцијата поради неисполнување на преземените обврски, Банката го плаќа гарантираниот износ на Корисникот и за истиот го задолжува Барателот на гаранцијата во вид на кредитно задолжување кое е веднаш достасано парично побарување.

- Поради тоа, потребна е Одлука за задолжување по основ на Гаранција која во моментот на издавање и за целовреметраење не претставува билансно задолжување, но може да стане доколку се активира од Корисникот – прецизираат од ЈП Државни патишта.

Очекувањата се дека деловната банка ќе ја издаде банкарската гаранција за неколку работни дена, откако ќе завршат сите процедури, а според вработените во јавното претпријатие со издадена банкарска гаранција ќе се овозможи побрзо да се завршат постапките за експропријација каде  се поништени решенијата од страна на Управниот суд.

Автопатот Кичево Охрид, долг 57 километри, според првичните проценцки требаше да чини 374 милиони евра, но цената по многубројните дополнителни анекси достигна речиси 600 милиони евра.

Оваа делница, согласно последните најави на државните институции треба да биде компалетирана следната година, владини претпставници дури најавуваат пенали доколку рокот повторно се пробие.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки