27 Април, 2024
0.0275

Азески на средби во Виена: Компаниите од Западан Балкан ја прошируваат соработката

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Размена на практики, знаење и поддршка на шесте комори од земјите од Западен Балкан со што директна полза ќе имаат компаниите гарантира Меморандумот за соработка кој беше потпишан денеска  помеѓу Коморскиот инвестициски форум, Австриската федерална стопанска комора и Австриското федерално министерство за Европа, интеграции и надворешни работи во Виена. Во следниот период компаниите од овој дел на Европа ќе се фокусираат на забрзување на процесот на дигитална трансформација, но и на развивање заеднички програми на средно стручно образование, но и на зајакнување на нивниот бизнис интегритет преку промовирање на чесни деловни практики и спречување на корупцијата. Во Виена е претседателот на Стопанската комора Бранко Азески кој, таму имал неколку средби. Азески разговарал со Карин Кнејсл, министер за Европа, интеграции и надворешни работи во Австриската федерална Влада. 



Од Стопанската комора информираат дека за Кнејсл регионот е нераскинлив дел од економската и социјалната историја на Европската унија и дека процесот на приклучување на земјите од Југоисточна Европа кон ЕУ останува врвен приоритет. 

„Зајакнувањето на регионалната соработка и поддршката за овие земји на нивниот пат кон ЕУ треба да придонесе на луѓето од регионот да им се дадат нови перспективи, при што заемното признавање на квалификациите ќе игра клучна улога во овој процес. Австрија ќе го даде својот придонес особено  преку заложбите во областа на дуалното образование, вели Кнејсл.

За Македонија, Австрија е еден од дваесетте најголеми трговски партнери и еден од најголемите странски инвеститори во земјата. Од комората тврдат дека Австриската федерална стопанска комора е предводник на трендовите и позитивен пример за сите комори од државите на Западен Балкан, затоа што воведува најдобри практики за унапредување на националните економии.

„Потпишувањето на Меморандумот денес е пионерски чекор за ревитализирање и унапредување на оваа соработка, која во една или друга форма ја имавме во регионот долги години наназад. Верувам дека австриските искуства и know-how во областа на дигитализацијата и дуалното образование ќе придонесат за унапредување на нашето работење, но ќе претставуваат и солидна основа за идниот развој не само на македонската економија, туку на економиите на сите држави од регионот на Западен Балкан, како целина, посочил Азески.

Во Виена Азески се сретнал и со Хералд Марер, претседател на Австриската федерална стопанска комора, како и со претставници на менаџментот на водечки австриски компании.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра