26 Април, 2024
0.0274

АЗЕСКИ СО СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО ПРИЛЕП И ВО БИТОЛА

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Во рамките на засилените активности преку непосредни контакти со бизнисмените, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денеска во Битола ќе разговара со раководствата на регионалните комори во Битола и во Прилеп. Состојбите налагаат контактите да бидат секојдневни бидејќи ситуацијата се менува од ден на ден. Сепак, основните приоритети опстојуваат и натаму и ќе бидат во фокусот на интересирањата.

-  Дефинирање модел за поддршка за потрошената електрична енергија бидејќи безусловно најголем проблем за сите компании е скапата струја, поради што сметките им се зголемени и до трипати, а поскапувањето и на нафтата ја подигнува цената на транспортот, што придонесува за драстичен пораст и на крајната цена на производот.

-  Олеснување и намалување на времетраењето на административните постапки за градежни дозволи за поставување фотоволтаици за сопствено производство, за да се обезбеди за краток период поевтина струја.

Континуираниот раст на цените на суровините на светските берзи ги поскапува крајните производи и негативно се одразува врз конкурентноста на македонските производи на странските пазари.

-  Моделот на јавните набавки, кој, поради фиксните цени, ги прави проектите неодржливи и кој води до колапс наа компаниите од градежниот сектор, а во другите дејности (прехранбената, металната и електроиндустријата и сл.) се најавува откажување на тендерите или носење одлуки да не се учествува на јавните набавки.

-  Стабилна даночна политика до крајот на годината заради обезбедување каква-таква сигурност за бизнисот во услови на голема неизвесност и непредвидливост.

Паралелно со актуелните интервентни приоритети за бизнисот во услови на глобална мултикриза, на средбата ќе стане збор и за регионалните капитални проекти, кои мора да бидат приоритетно дефинирани затоа што се во интерес на развојот на целата држава.  

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9