14 Декември, 2025
0.0410

Азиските берзи на највисоко ниво досега

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2012 11:28

Добивај вести на Viber

На азиските берзи цените на акциите утрово достигна највисокото ниво за девет месеци, благодарение на порастот на индексот, вчера на Вол Стрит, но и поради  позиционирањето на инвесторите на крајот на месецот и пред крајот на годината. На Токиската  берза Никеи во 07:30  нивото на акциите беше до 0,6 отсто, додека индексот во Јужна Кореја, Шангај, Австралија, Хонг Конг и Сингапур се зголеми меѓу 0,1 и еден отсто. Затоа, MSCI индексот на акции, Азија-Пацифик, без Јапонија беше победник, 0,6 отсто, достигнувајќи највисоко ниво од почетокот на март. Иако нема значителен напредок во разговорите меѓу републиканците и демократите, со цел да се избегне автоматско намалување на буџетските расходи и зголемување на даноците. Азиските  инвеститорите се охрабрени од подемот вчера во цените на акциите на Вол Стрит.  Сепак, инвеститорите се надеваат дека ќе се избегне  "фискална карпа", која може да ја вовлече економијата на САД во нова рецесија. Подемот на цените на акциите на азиските берзи е благодарение на знаците на јакнење на американската економија, како и подобрување на изгледот на портфолиото на крајот на месецот во кој индексот MSCI на акциите Азија-Пацифик зајакна 2,1 проценти. На девизните пазари, пак  еврото зајакна од почетокот на оваа недела, откако беше  одобрена дополнителната транша од меѓународната помош за Грција, така што проблемот за некое време  е отстранет од пазарот. Благодарение на тоа, еврото ова утро повторно избувна над нивото на 1,30 $, додека вчера во ова време се движеше околу 1,2950$. Додека во однос на  јапонската валута, цената на Еврото се зголеми 106,40-107,10 јени вчера. И доларот зајакна во однос на јапонската валута, кој од  82,15  се зголеми на 82,35 ¥. Откако вчера се зголеми на 1,5 $ ова утро цената на нафтата на Њујоршката берза се намали 35 центи на 87,75 $ за барел.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност