ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
Објавено во: Свет 12 Декември, 2025 21:54
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на Советот на Европската Унија за продолжување на замрзнувањето на руските средства.
„Испраќаме силен сигнал до Русија дека сè додека продолжува оваа брутална и агресивна војна, трошоците за Русија ќе продолжат да растат. Ова е моќна порака до Украина: сакаме да се осигураме дека нашиот храбар сосед ќе стане уште посилен на бојното поле и на преговарачката маса“, напиша таа на „Х“.
Земјите од Европската Унија со големо мнозинство се согласија да ги замрзнат руските државни средства на неодредено време во ЕУ, со што е надмината првата пречка за ставање на располагање на Украина на овие средства како заем за репарација, соопшти претходно данското претседателство на ЕУ.
Потегот за замрзнување на државниот имот на Русија во ЕУ, во вредност од околу 210 милијарди евра (246,5 милијарди долари), има за цел да ги олесни плановите за обезбедување дел од средствата за Украина како долгорочен заем за репарации.Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари во 2022 година.
foto printskrin youtube
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск
(ВИДЕО) Еве како Американците го нападнаа танкерот во близина на Венецуела




