Бабиш бара на Италијанците да им се забрани да патуваат во Европа
Објавено во: Свет 08 Март, 2020
Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Владата во Рим да им забрани на Италијанците да патуваат во Европа како начин да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на Ковид-19.
Според Бабиш, Италијанците не треба да патуваат во Европа, затоа што повеќето случаи на заразени во Германија, Франција и Шпанија се поврзани со Италија.
– Самите ние не можеме да објавиме таква мерка во рамките на Шенгенскиот простор, истакна тој и ги повика Чесите кои патуваат во Италија по работа или приватно, брзо да се вратат дома.
Во Чешка досега се регистрирани 31 случај на заразени со новиот коронавирус.