Бабиш: Не е прифатливо одложување на датумот за Северна Македонија
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Премиерот на
Чешка Андреј Бабиш на прес конференција истакна дека
не е прифатливо ново оддложување на датум за преговори на Северна Македонија за
ЕУ, бидејќи земјата направи огромни напори и исполни се што се побара од
државата од страна на Европската унија. Ново одложување на датум за Северна
Македонија би значело и разочарување на целиот овој регион.
„Европските политичари Ви ветија, Вие како земја конечно најдовте заеднички јазик со Грција, решивте спор кој траеше 30 години, сменивте име, сменивте устав. Европските политичари треба и мора да си го оддржат зборот, ако тоа не се случи ќе делува антимотивирачки, не само за земјава туку за целиот регион. Битно е тие, што ветија да го исполнат ветеното“, рече чешкиот премиер.
Бабиш на прес конференцијата кажа дека не постои причина Северна Македонија да не добие датум за преговори, а исто така потенцираше дека целиот овој регион го очекува датумот на земјава за пристап кон Европската унија.
„Јас ви ветувам дека ќе сторам се за да добиете датум за преговори“, потенцираше Бабиш.
Тој се заблагодари и на премиерот Заев за гостопримството, а меѓудругото истакна дека Чешка и Северна Македонија се во одлични односи.