Бафет сака да продаде вила со 7000% профит
Објавено во: Економија 21 Февруари, 2017
Милијардерот Ворен Бафет купил имот за 150.000 долари, а сега бара за него 11 милиони долари.
Неслучајно Бафет го има имиџот на инвеститор легенда. Според Wall Street Journal Бафет има намера да ја продаде својата приватна вила во Калифорнија за 11 милиони долари. Продажбата на имотот може да му донесе добар профит.
Ако Бафет добие дури приближна сума до бараната за својот имот во Лагуна Бич, јужно од Лос Анџелес, тогаш само со оваа зделка би стекнал богатство.
Инвеститорот ја купил вилата во 1971 година за само 150.000 долари. Ако најде купувач кој ќе ја плати бараната цена, би постигнал 70-кратен профит.
Со години имотот служел за вила на семејството. Во неа Бафет има поминато многу лета и зимски одмори со семејството. По смртта на неговата прва сопруга во 2004 година милијардерот одел таму сосема ретко, поради што го дал и имотот на продажба.