06 Мај, 2024
0.0257

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, изјави обвинителот Џелаљ Бајрами. 

„Од настаните кои се пријавени, во текот на вчерашниот ден во ОЈО Делчево заведен е предмет по побарани наредби од МВР за вршење увид во службена документација во ЈКП Делчево и Македонска Каменица поради сомненија за кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик. Сомневањата биле поврзани со наводно поставување водомери на граѓани од јавните комунални претпријатија без пари, а за поткуп при избори. ОЈО Радовиш денеска е известено за настан во селото Бучим кога гласач пред да го пушти гласачкото ливче во кутијата го покажал на набљудувач од политичка партија. Дадени се насоки за проверување дали постојат елементи на кривично дело од член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите“, вели обвинителот. 

Сепак станува збор за исклучително мал број вакви настани, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле елементи на кривично дело. 

„Ваквиот тек на изборниот процес се одразува и на нашата електронска пошта izbori@jorm.mk каде од утрово не се регистрирани пријави за кривични дела поврзани со изборите. Во привремената Комисија на Јавното обвинителство за селедење евентуални изборни нерегуларности членуваат и претставници од четирите виши јавни обвинителства во државава, како и од Основното јавно обвинителство Скопје, како основно обвинителство со најголем обем на работа. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес“, истакна Бајрами. 

И полицијата потврди дека изборниот ден поминува мирно. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува