Бакрачески за Стојаноски: Твоите дела ќе траат вечно
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018
Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски, со коментар на социјалнт мрежа Фејсбук се прости од својот наследник Јован Стојаноски.по неговта прерана смрт.
Иако беа од спротивставени политички табори, двајцата имаа голема меѓусебна почит во приватниот и деловниот живот.
„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.
Почивај во мир мој пријателе.
Твоите дела ќе траат вечно.
По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Бакрачески.
Тој беше градски татко на Охрид избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека 48-годишниот Стојаноски победи како номиниран од СДСМ.