БАЛКАНОТ НАЈТОПОЛ ВО ЕВРОПА: Вклучен портокалов метеоаларм
Објавено во: Македонија 29 Август, 2020
Овие два дена
Балканот ќе биде најпеколниот дел од европскиот континет со температури
невообичаено високи за крајот на август.
Топлиот бран доаѓа од северот на Африка, но со изразено сув воздух што главно ќе ја намали влажноста, а температурите ќе се движат од 33 до 36 степени.
Дел од балканските земји го вклучија портокаловиот метеоаларм со совети за граѓаните да не излегуваат во текот на денот доколку немаат потреба, да пијат многу течности и да носат лесна облека. Градежни работи да не се изведуваат во периодот од 11.00 до 17.00 часот.
Од понеделник ќе настапи мало намалување на температурите, а метеоролозите веќе за во вторник најавуваат дожд.