30 Април, 2024
0.0403

Балканскиот претприемачки самит ги поврзува економските интереси на целиот регион

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Над 30 светско познати говорници и претприемачи денес излегоа на бината на Балканскиот претприемачки самит пред повеќе од 250 бизнисмени и претприемачи од регионот. Покрај самите знења кои беа споделени и кои ќе помогнат во напредокот на бизнисите се создаде темел на поврзаност помеѓу сите што ќе придонесе до економски напредок во државата и регионот. Истиот е во организација на Creative Hub, кои оваа година се најдоа на листата на Forbes, и Стопанската комора на Македонија.


„Имаме навистина добри показатели, но нашиот најголем предизвик за иднината ќе биде развивањето и менаџирањето на талентот, човечкиот капитал и ние посветено работиме за зголемувањето на продуктивноста преку инвестирање во образованието, знаењето, вештините и специјализациите во образованието. Имаме конкретни мерки за поддршка на претприемништвото. Преку оперативниот план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот го охрабруваме започнувањето на сопствен бизнис. Само од 2018 година наменети се околу 6 милиони евра или 364 милиони денари.“, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на самитот.


„Ако сакате да создавате економска иднина, ако сакате да создавате иднина на едно претпријатие единствен начин е вие да ја основате вашата иднина, односно вие да го создадете вашето претпријатие и вие да ја креирате политиката во претпријатието. Тоа може да го направите само ако сте претприемач и ако сте тој што може да ја гледа политиката и иднината на секоја компанија.“,рече вицепремиерот за европски прашања Кочо Анѓушев.


„Балканскиот претприемачки самит ги отвора вратите на економскиот развој и сето тоа води до целта да имаме развиено општество и подобар начин на живот.“, посочија од Стопанска комора на Македонија.

„За да се надминат предизвиците на малиот пазар треба да бидете отворени на регионалните и глобалните можности. Затоа ми е драго што темата за регионална соработка има значаен глас на овој самит.“, вели Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.


„Ние сме нова генерација  бизнисмени кои веруваме дека она што можеме да го понудиме е еднакво добро како во  Лондон или Њујорк. Но, свесни сме дека  условите не се исти. Затоа,  дел од темите  на овој претприемачки самит имаат за цел да ги истакнат токму овие прашања: како да создадеме услови за формирање на инвестициски компании, како да се соочиме со проблемот на лош образовен систем и неквалификувана, но и демотивирана работна сила, или како да создадеме  препознатлив бренд. Тука сме денес за да запознаеме нови соработници, можеби  идни бизнис партнери, но и  да слушнеме различни пристапи и да создадеме  нови идеи за раст и развој на нашите компании.“, рече Аријана Коскарова, извршен директор на Creative Hub.


Сите присутни ја имаа можноста да ги запознаат стратегиите и методите на работа на Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на Диор, и многу други.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор