20 Декември, 2025
0.0793

Балканско буре барут: Ќе се прекрши ли тука бегалската криза?

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2015 08:15

Добивај вести на Viber

Многумина преедупредуваа, но кога неофицијалниот европски шеф Ангела Меркел ќе рече дека на балканот се можни тензии тогаш тоа треба да се сфати со доза на сериозна загриженост. Меркел деновиве пред своите сопартијци исткана дека не би сакала во овој регион повторно да има судири. но дека мириса не тензии. Ова може да се случи доколку најголемата европска сила ги затвори границите за бегалците. Со дневниот прилив од 3 000 до 8000 бегалци тоа би бил стравичен удар за балканските земји, а секако и за фрагилната Македонија, која пак се соочува со силни внатрешни проблеми. - На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму повторно да избијат воени судири. Од кавгата се создава конфликт од што може да се развие нешто што никој не го сака. Иако приливот на бегалците преку балканските земји досега беше голем, но ситуацијата не ескалираше, рече Меркел. Иако се различни толкувањата на изјавата на Меркел, јасно е дека европските земји не најдоа најсоодветен одговор на кризата, и затоа проблемот би можел да се прекрши овде. Сепак, Дојче веле анализра дека пораката не е упатена на луѓето на Балканот, туку на германската јавност, пред се на партиската база на демохристијаните. Затоа што Меркел преку ред ги пушти сириските бегалци преку германско-австриската граница, одбивајќи земјата да ја препаша со бодликава жица како унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според германскиот сервис траумите од војната во екс Југославија се големи, но не постои идеолошка, економска и воена логистика за таа да се обнови. Според ДВ „мама" (Меркел) е исплашена, па затоа ги плаши нејзините деца, оние во Германија. Меркел не се обраќа на балканските земји, и затоа нема причина за страв. Дали е така?

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација