19 Мај, 2024
0.0280

БАНКАРИТЕ, БЕСИМИ И БЕЖОСКА ЗА ДЕНОТ НА ШТЕДЕЊЕТО - Сигурноста на депозитите е најважна

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска  асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити денес организираше пригодна виртуелна свечаност по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври.

Претседателката на  Македонската банкарска aсоцијација, Маја Стевкова Штериева рече дека зголемувањето на депозитите зборува  за довербата која банките ја имаат кај населението. 

„Токму од таму произлегува и обврската на банките да се грижат за сигурноста на штедните влогови, за сигурноста на депозитите на своите комитенти. Најголемиот дел од изворите на финансирање во банките во нашата земја се депозитите. Затоа е особено важна нивната сигурност. Правилната процена на ризиците избалансирана со кредитирањето треба да биде во функција на сите засегнати страни и тоа како на депонентите, така и на кредитокорисниците и на акционерите.“

Министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими изјави дека и во вакви вонредни услови, податоците покажуваат годишен раст на депозитите на граѓаните и на компаниите. 

„Заклучно со септември вкупните депозити на граѓаните бележат годишен раст од 6,1 отсто, додека вкупните депозити на компаниите бележат годишен раст од 8 проценти. Штедењето во денари е повисоко од девизното штедење, така што учеството на денарските депозити во вкупните депозити, заклучно со 30.09.2020 година изнесува 52,3 отсто. Ова се добри сигнали дека довербата во банкарскиот систем е на завидно ниво. Позитивното движење кај штедењето е проследено и со раст на кредитирањето. Кредитирањето на граѓаните и фирмите бележи годишен пораст од 7,3 отсто. Притоа, кредитирањето на населението бележи раст од 9,5 проценти, а на корпоративниот сектор пораст од 5,2 отсто. Податоците покажуваат дека и во време на значајни предизвици, довербата на македонските граѓани во домашниот финансиски систем се задржа на високо ниво. Ова е резултат на воспоставената макроекономска и финансиска стабилност, стабилноста на девизниот курс, добро дизајнираната регулатива и прудентното однесување на банките“, рече Бесими.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, во своето обраќање, меѓу другото се осврна и на динамиката на стапката на домашно штедење во регионот во изминатите десетина година, потенцирајќи го трендот на постојан раст. Таа посочи дека ваквите промени се присутни и кај нас, при што минатата година, стапката на домашно штедење  достигна 20,2 отсто од БДП, што е најголемо подобрување во рамки на групата земји од Западен Балкан споредено со периодот на глобалната економска криза, и е блиску до просекот од развиените земји, имајќи предвид дека порастот во еврозоната изнесуваше 25,2 отсто.

„Овој потенцијал, значи дополнителна акумулација на финансирање, и неговото насочување кон продуктивни инвестиции и проекти може да биде значајна поддршка за неопходните структурни прилагодувања на реалниот сектор на оваа “нова нормала“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска.

В.д директорот на Фондот за осигурување депозити, Амир Шабани изјави дека Фондот за осигурување на депозити продолжува да работи согласно основните два принципи на кои функционираат сите системи за гаранција на депозитите, а тоа се: заштита и осигурување на банкарските депозити и исплата на обесштетување во најкраток можен рок.

И оваа година, 36 службеници од 14 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро добија признание за нивната работа,  награда за нивниот труд  дотолку повредна бидејќи е изнедрена од оценките на нивните  непосредни соработници.

Светскиот ден на штедењето е востановен на 31 октомври 1924 година во Милано, на првиот меѓународен конгрес на штедилници на кој присуствувале претставници од 29 земји.

Во нашата земја традиционално, овој ден се одбележува започнувајќи од 1999 година.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“