29 Април, 2024
0.0261

БАНКАРИТЕ И НАРОДНА БАНКА ЖЕСТОКО МУ ВОЗВРАТИЈА НА КОСТОВСКИ - банкарскиот систем „топ не го бие“, не ги лажете граѓаните од приватни побуди

Објавено во: Финансии 22 Август, 2022

Добивај вести на Viber

И централната банка, која е главен супервизор на банките, но и банкарскиот еснаф организиран во македонската банкарска асоцијација, најжестоко реагираа на денешната пресконференција на Трифун Костовски, на која странски експерт тврдеше дека домашниот банкарски сектор е пред колапс. 

Прва се огласи Народната банка. 

„Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка. Ваквото неодговорно однесување поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета на финансиските институции во земјата, а со тоа и на економските субјекти и граѓаните. За Народната банка, оценките и мислењата, особено во делот на состојбите во банкарскиот и финансискиот систем на нашата земја и начинот на работата на Народната Банка, искажани од страна на нарачателот на овој извештај, како и лицата кои се најмени од негова страна за да го изработат и промовираат во јавноста, се нерелевантни и неточни. 

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и практики, што е потврдено и со оценките на меѓународните финансиски организации и кредитни агенции. Последна во низата вакви оценки е одлуката на Европската комисија на крајот од минатата година дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е според  стандардите на Европската Унија, со што Европската Комисија ја вклучи нашата земја на листата на само 26 земји во светот кои ги спроведуваат овие стандарди.

Согласно со овие стандарди, Народната банка на редовна основа врши супервизија на работењето на банките и штедилниците и ја оценува нивната сигурност, стабилност, како и усогласеноста на работењето со Законот за банките и со други прописи кои го регулираат банкарското работење. Во рамки на своите надлежности презема соодветни мерки во насока на задржување на стабилноста на банкарскиот систем“, се вели во соопштението од НБМ.

Натаму, како што додаваат, доколку со супервизорска контрола се констатира сомнеж или индиции за други дела во банка, Народната банка којашто е супервизорски, а не истражен орган, ги известува и соработува со надлежните истражни органи.

И во случајот поврзан со Кубус, велат, кој се однесува за период од 2004 до 2011 година, на којшто всушност се темелат и најголем дел од наводите, Народната банка остварила соработка со надлежните институции, при што ги доставила сите расположиви информации.

„Во однос на работењето на Еуростандард банка, Народната банка вршејќи ја својата надлежност како супервизорски орган, утврди значајни слабости и пропусти во работењето. Започнувајќи од 2013 година па се до 2020 година, Народната банка во врска со констатираното, на Еуростандард Банка АД Скопје и изрече вкупно 30 правни акти, во кои беа содржани околу 120 различни мерки за подобрување на состојбата на банката. Народната банка нема да дозволи ниту една банка да продолжи да работи без исполнување на минималните законски услови, со што ја штити стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Оттука, во услови на непостапување по дадените мерки, а имајќи ја предвид стапката на адекватност на капиталот и состојбата во Банката, Народната банка согласно Законот за банките ја одзеде дозволата за работа на банката.

Воедно, по констатираните состојби, Народната банка до Јавното обвинителство на натамошно надлежно постапување, поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто беа во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите“, се вели во соопштението.

Оттаму тврдат дека професионалноста и независноста на Народната банка придонесува за континуирана стабилност и здравост на банкарскиот систем, вклучително и во пандемискиот период. 

„Потврда за добрата поставеност и функционирањето на банкарскиот сектор се повеќето извештаи на најрелевантни институции, како на пример последниот извештај на кредитната агенција S&P, каде се наведува дека банкарскиот систем е добро капитализиран и стабилен, како и дека е потпора на стопанството за надминување на предизвиците кои ги донесе пандемијата.

Народната банка останува посветена на примената на највисоките меѓународни барања и стандарди во вршењето на банкарската супервизија и будно ги следиме движењата во банкарскиот систем, при што во рамки на вршењето на својата функција соработуваме со надлежните државни институции“, се вели во соопштението од НБМ.

И банкарите не ја премостија пресконференцијата на Костовски.

Македонската Банкарска Асоцијација, во името на сите свои членки - банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро изразува најoстар протест и отфрлање на сите, како што ги нарекуваат, крајно неосновани наводи за банкарскиот сектор, изнесени на прес конференцијатата одржана на 22.08.2022 година. 

„Потенцираме дека никој нема право да изнесува небулозни наводи и обвинувања за цел банкарски сектор на една држава врз основа на некакви приватни истраги. Банкарскиот сектор е дел од севкупниот економски систем на оваа земја, дом на заштедите на македонските граѓани и компании и столб на целокупниот финансиски систем на Република Северна Македонија.

Пропаѓањето на една банка зарaди проблеми и нерегуларности кои се случувале во самата таа банка, а за кои целата јaвност беше информирана преку средствата за јавно информирање, не смее и не може да бидат прелеани како обвинување за цел еден сектор. Македонскиот банкарски сектор бил и останува најздравото ткиво на нашата економија и никој нема право да прави обиди за поткопување на неговиот углед и негово омаловажување, како што нема право тоа да го прави со која било институција на оваа држава. Функциите кои банкарскиот сектор ги извршува во економијата се од витален јавен интерес и се јавно добро и затоа секој поединец, група, па и институции треба да бидат многу внимателни кога изнесуваат наводи со кои се квалификува цел еден систем. Како ниту еден друг сектор во економијата, нашиот банкарски сектор во изминатите 30 години помина низ повеќе реформи кои овозможија поставување на основите на она што системот е денес: здрав, сигурен, стабилен, профитабилен, со силна кредитна поддршка на економијата и домаќинствата и со највисоки оценки од сите релевантни меѓународни институции во сите претходни години, институциите на ЕУ, ММФ, Светската банка итн. Како што е истакнато и во последниот извештај на реномираната кредитна агенција Стандард и Пурс, објавен пред два дена, македонскиот банкарски сектор е стабилен и добро капитализиран, со стапка на нефукционални кредити од ниски 3 отсто и адекватност на капиталот од 17 отсто. Кредитната агенција го потврди рејтингот на Република Северна Македонија од ББ- со стабилен изглед, што секако не би било можно доколку има каква било резерва во однос на здравоста на банкарскиот сектор во земјата“, велат од МБА.

Затоа, уште еднаш укажуваат на потребата од одговорно однесување и  внимателност  при изјави кои се однесуваат на банкарскиот сектор. 

„Истовремено, упатуваме апел до јавноста дека дезинформации и инсинуации кои се изнесуваат во јавноста за банкарскиот сектор и поединечни банки треба да бидат отфрлени бидејќи заради остварување на некои други интереси и нечии лични битки, свесно или несвесно, се прави обид за загрозување на нешто што е од јавен интерес на секој граѓанин, секоја компанија, секоја институција во оваа земја“, се вели во соопштението.

Инаку, денеска Костовски тврдеше дека Еуростаднард била убиена со умисла, под налог на сивата еминенција во државата.

На пресот Костовски беше со меѓународни експерти за организиран криминал, и на него ги објавија, како што ги нарекоа, „криминалните шеми на седум банки во земјава“. Ова се тврдења на Драго Кос, претставен како познат европски банкарски експерт и истражител во случајов. Костовски рече дека во симбиоза биле НБРМ и Комерцијална банка, а првиот човек на Комерцијална имал големо влијание врз раководниот тим на државната банка.

„Од 2004 година во земјава постоела добро воспоставена шема преку која неколку комерцијални банки ги прекршувале важечките регулативи за малверзации со кредитирањето“, објаснуваше Кос. Според извештајот, шемата функционирала на таков начин што одредена банка идентификувала компании коишто се подготвени да ги отстапат своите деловни сметки, на кои банката потоа им исплаќала одредени износи врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа истите компании формално им ги позајмувале тие износи на други компании. Тој додаде за ваквите случувања замижувале институциите, а како што посочи, кога криминалната шема ќе се урне, тоа може да предизвика катастрофални финансиски последици.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?