13 Мај, 2024
0.0334

БАНКИ: „Чистка“ на проблематични долгови на картички!

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во вториот квартал од 2016 година се одразија ефектите од мерката преземена од Народната банка според која банките беа должни, најдоцна до јуни 2016 година, да извршат пренос од билансна во вонбилансна евиденција на нефункционалните кредити коишто подолго од две години биле целосно резервирани. Оваа операција на “чистка“ практично  се одрази врз обемот на нефункционалните кредити и на показателите за квалитетот на кредитното портфолио на банките.

“Како резултат на мерката, во вториот квартал значително се намали учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити (од 10,9% во март на 7,5% во јуни 2016 година). Сепак, доколку се изземе ефектот од оваа мерка, квалитетот на портфолиото во споредба со претходниот квартал е речиси непроменет кај кредитите на домаќинствата, додека благо се влошува кај портфолиото на кредити кон нефинансиските друштва“ – се посочува во новиот извештај на Нароната банка посветен на банакрскиот систем во првата половина од годината.

Имено, и покрај мерката на НБМ за пренос на нефункционалните кредити постари од ве години во вонбилансна евиденција на банките, во вториот квартал од агодина, и натаму се зголемува износот на нефункционални реструктурирани кредити.

“Доколку се изземе ефектот на отписите на нефункционалните кредити направен врз оваа основа (во периодот март ‒ јуни 2016 година), растот на нефункционалните кредити би бил умерен и би изнесувал 5,8% на годишна основа (односно 4,7% на квартална основа)“ , оценува НБМ од каде посочуваат дека најголемиот дел, или 76% од отписите на нефункционалните кредити се отписи на нефункционалните кредити на нефинансиските друштва.

Отпис на “проблематични“ кредити на фими и граѓани..

Преку операцијата за “чистење“ на нефункционалните кредити биле опфатени и долгови на фими и долгови на граѓани, во најголем дел по основ на кредитни картички и негативни салда на тековни сметки

“Кај домаќинствата, стапката на нефункционалните кредити се намали на 2,8% (без отписите, би била речиси непроменета и би изнесувала 5%). Позначително намалување на стапката на нефункционални кредити има кај „кредитните картички“ и „негативните салда на тековни сметки“, што значи дека најголемите отписи биле токму кај овие побарувања од домаќинствата. Намалувањето е најмало кај кредитите за станбен и деловен простор“ – се нотира во полугодишниот извештај на НБМ.

Кај нефинансиските друштва, во вториот квартал е регистрирано намалување на нефункционаните кредити  на 11,6%.

“Но, доколку се изземе ефектот од отписите, оваа стапка би изнесувала 16,4% и би била и влошена за 0,6 процентни поени. Според одделните дејности, сѐ уште највисока стапка на нефункционалните кредити има кај дејноста „градежништво и дејности во врска со недвижен имот“. Позначително намалување на стапката на нефункционалните кредити, заради самата динамика на нефункционалните и вкупните кредити и заради ефектот од отписите, има кај дејностите „градежништво и дејности во врска со недвижен имот“ и „индустрија“ – се наведува во извештајот на работата на банките.

Сепак, НБМ, и покрај преземените мерки за “отпис“ на долгови,  регистрираше зголемување на учеството на нефункционалните реструктурирани кредити во вкупните реструктурирани кредити. Во вториот квартал од 2016 година, заради зголемувањето на износот на нефункционални реструктурирани кредити, нивното учество во вкупните реструктурирани кредити достигна 67% пришто се посочува:

“Заради овој пораст, но и поради споменатиот пренос на целосно резервираните нефункционални кредити на вонбилансна евиденција, видно порасна и нивното учество во вкупните нефункционални кредити (49,9%)“

Според оценките на НБМ, резултатите од стрес-тестирањето спроведено за вториот квартал од 2016 година покажуваат поголема отпорност на банкарскиот систем на шокови.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта