06 Октомври, 2024
0.0385

Банки за храна, ДА или НЕ?

Објавено во: Македонија 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија нема  институционална рамка  за помалку фрлање храна и нејзино дистрибуирање до оние на кои им е потребна, ниту пак  јавно се разговара за тоа. Нацрт верзија за подобрување на состојбите има уште пред пет години, но таа остана во фиока некаде низ лавирнтите на институциите- вели за Фактор, Душко Христов, претседател на организацијата Банка за храна.

Според него потребно е подобрување на правната и институционална рамка  за помалку фрлање храна и нејзино дистрибуирање до оние на кои им е потребна. Оттука неодамна почнаа нов тригодишен проект. 

“Влеговме во над 30.000 домови, во повеќе од 15.000 ни куче не би живеело т.е преживеало, а интересено е да се спомене и тоа дека во тие “домови“ над 60% од лицата кои живеат таму се деца. Храната завршува насекаде, но не и на трпезите на оние кои им е потребна.Најповеќе завршува на депонијата Дрисла во Скопје и тоа кога се сака да се оправдаат одредени формалности за истечениот рок на употреба, а значаен дел  завршува на над 2000 ѓубришта ширум државата. Многу мал дел се става во функција на помош и поддршка на фамилиите и поединците во социјален ризик”- вели  Христов.

Нивните показатели велат дека во Македонија  над 70.000 лица кои се под секоја маргина на општеството, и лица кои неможат да си обезбедат барем  еден оброк дневно.

“Бројот на лица кои можеме да ги категоризираме како сиромашни флуктуира секој ден, апсурдно е да се изнесуваат податоци во јавноста кои не се ни одблизу вистинити, ниту пак податоци врз кои треба да се гради и имплементира  Стратегија за борба против сиромаштијата во нашата држава. Тоа се податоци со кои сака да се сокријат одредени “економски“ интереси, но не во интерес на решавање на сиромаштијата, туку да се задскријат одредени недозволени активности на мала група на лица кои најмалку мислат на оние за кои се наменети одредени средства за социјални услуги и сервиси кои фигурираат во одредени Законски рамки”- додава Христов.

Соработката како што вели е проширена  на локално ниво и со бизнис заедницата. Дел од општините веќе сериозно почнале да земаат учество во активностите за донација  и дистрибуција на храна.

“Со заеднички сили и во тесна соработка со неколку општини и дел на бизнис заедницата, претежно оператори со храна  на добар пат  сме во пилот изданија  да покажеме дека има решение и начин како да ја подобриме сегашната лимбо ситуација. Самиот проект поддржан од Европската Унија со наслов “ВСС Ефект...“ ни дава голем простор на делување и можности за обединување на сите заинтересирани засегнати страни во нашето општество кои вистински  сакаат да се нафатат да почне малку по малку да се решава проблемот и оваа необична и навистина сериозна состојба во која се наоѓа нашето општество. Сепак гладот е најтежок вид на сиромаштија!Еден податок кој го вкрстивме и споредивме со податоци од неколку задолжени официјални институцинални субјекти и бизнис оператори со храна покажува дека фрламе храна со која би се хранел цел еден просечен град од 15 - 16.000 жители и тоа цела година.Недостасува  систем. Топла вода не измисливме, ниту пак имаме намера да бидеме научници во оваа сфера, ние само сугерираме предлози кои како искуство ги црпиме од нашите сестри организации - Банки за храна”- потенцира претседателот на Банка за храна.

Според него не мора да постојат банки за храна да се реши овој проблем, БАНКАРСТВОТО СО ХРАНА е посебен пристап и реализација на одредени постапки и правила кои се востановени уште пред 34 години на Европско тло, а многу порано во САД.

“Најавуваната спомената рамка од страна на една организација  е видена САМО од 3 - 4 луѓе кои и не сакаат да дискутираат на оваа тема, и одредени одговорни субјекти кои беа задолжени да ја “бркаат“ целата работа, полека но сигурно си ја префрлаат одговорноста кој да биде носечки субјект за темата.Првично се договориле да МТСП биде тој субјект, ама по некои согледувања и некои наши јавни реакции  истите го презадолжиле Министерството за земјоделство  и Агенцијата за  Храна и Ветеринаство да биде тој субјект. И од тука точка! Увиделе дека не е само добар ПР и нечија желба да се прогура нешто што неможе да се гура, а тоа е дека МТСП и ние како организации кои се залагаме за решавање на ова горливо прашање сме само  и само  корисници, а тој/таа што треба да решава е МЗШВ - АХВ и Министерството за Економија. Ама, ете седнале и со Стопанската Комора на РМ, што е во ред, и како по обичај “си ја исполнивме ставката од ситниот проект  “...работна средба со СКМ“ и тука заврши прикаската. Со самото тоа значаен дел од бизнис заедницата и така соминичава кон сите нас, уште повеќе се “закопа во ровови“, сега ајде убеди ги дека една или друга идеја е добра и корисна за нив, па и за самата заедница!?”- објаснува Христов.

 Над 15-тина граѓански организаци  во десетина  општини превземаат  акции на терен. Банката за храна Македонија склучила  Договори за донација со компании за донација од над 200 тони храна и прехранбени производи, а со взаемна соработка и координација помеѓу 13 организации во 11 градови ширум Македонија.

“Таа донација во храна сме должни да ја доставиме до крајните корисници. Еден таков систем на соработка и комуникација постои веќе пет години, но од истиот се изземени институциите кои  само  на ТВ или во јавност се јаки  при давање на големи ветувања, но во пракса кога ќе успееш да седнеш и им ја предочиш ситуацијата и евентуалните предлози се бескрајно спори и незаинтересирани да стапат во акција”- порачува Христов. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил