„Бастион“ не може да му прости на „соседот“ Богдановиќ
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018
Познатиот кафе бар „Бастион“, кој се наоѓа на улица Аминта Трети или по старо на „Ленинова“, влезе во „клинч“ со градоначалникот Саша Богдановиќ, откако општина Центар реши да ја сруши и демонтира летната тераса на ова угостителско место поради узурпација на сообраќајна површина.
„Во култниот скопски локал Бастион се оддржа „Утринска чајанка“, на која беа присутни многу скопјани, жители на Општина Центар и преставици на седмата сила. Како што претходно најавивме на Градската Чајанка беше поканет и Градоначалникот на Општина Центар г-дин Саша Богдановиќ – Српче. За жал, неговото столче остана празно. Иако од Бастион до еден од неговите станови, кој се наоѓа во истата зграда, неколку метри погоре од Бастион, е многу мало растојанието, тој не ја уважи нашата покана. Иако беа присутни многу медиуми, кои дојдоа да се сретнат со угостителите и градоначалникот, а каде што тој имаше прилика да ги покаже сите документи потребни за рушење на објектот, за жал медиумите останаа сами со чајот!“, гласи соопштението на „Бастион“.
Од таму пред медиумите, како свои аргументи, ги презентираа документи кои ги поседува ова скопско кафуле, а за кои велат дека „Градоначалникот од само свои селективни причини не сака да ги види“...
Екипата на Бастион најавува протест во форма на забава пред Општина Центар, за која дополнително ќе одредат датум.