БДП ГОДИНАВА ЌЕ НИ ПАДНЕ ЗА 3,4 ОТСТО - ова е основното сценарио на Финансии
Објавено во: Економија 04 Мај, 2020 11:45
Македонската економија годинава треба да падне за 3,4 отсто според основното сценарио на МФ, со тоа што негативните ефектите се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забаваување на контракцијата, а во четвртото закрепнување и позитивен резултат.
Ова денеска на прес го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.
Согласно проекциите на нашите трговските партнери, се очекува пад на надворешната трговија, и со тоа ќе падне извозната компонента за 16,8 отсто на реална основа.
Здравствените мерки ќе делуваат и на градежниот сектор, и на побарувачката и инвестициите, ќе паднат и дознаките, странските инвестиции. Ќе падне приватната потрошувачка за 3,3 отсто,а бруто инвестициите за 9,6 отсто. Јавната потрошувачка ќе делува позитивно поради трошењето на здравствениот сектор.
Увозот ќе падне за 15,8 отсто.
Инфлацијата во првиот квартал е 0,6 отсто што е надолно отстапување. Увезените цени ќе направат притисок, како и очекуваниот негативен производен јаз, и стапката на инфлација годинава ќе биде околу нулата или минус 0,2 отсто.
„Засега работите се одвиваат нешто подобро од нашето поповолно сценарио, што е добар знак. Подготвени сме да одговорите и на најлошото сценари. Но оваа криза е непредвидлива“, рече Ангеловска,.
Официјалните проекции нови на МФ, но не се исклучени и нови ревизии, со оглед на неизвесноста. И меѓународните институции сите имаат по две проекции. За македеонската економија ММФ имаше проекции дека годинава ќе има пад од 4 отсто, а СБ проектираше од минус 1,4 до минус 3,2 отсто. Рецесијата нема да одмине ни една земја, според СБ најмала штета ќе има земјава.
Буџетските приходи во април имаат остварување од 14,2 милијарди денари, што е пад од 20 отсто споредено со април лани. Даночните приходи биле 7,2 милијарди денари и имаат пад од 31 отсто, а придонесите се на исто ниво со лани.
Другите приходи се 1,5 милијарди денари или пад од 20 отсто на годишна основа. Со огледна рестриктивните мерки што ги презема Владат, запирањето на економските активности и запирањљето на некои синџири на набавка, очекуван е падот на приходите. Во основното сценари кое го нарековме поповолно проектиравме пад од 40 отсто на даночните приходи, значи имаме подобра наплата од тоа сценарио. Значи тоа били попретпазливо.
ДДВ е остварен за помалку од 43,5 проценти што е и очекувано поради рестриктивните мерки кои беа во цел април. Неработење на угостителските објекти, услужните дејности, транспортот. Персоналниот данок падна за 11,7 отсто, добивка порасна за 3,6 отсто. Акцизите пад од 40 отсто и царините имаа ппомала наплата за 26 отсто споредено со април лани.
Кај данокот на добивка има најголемо натфрлање или позитивно изненадување, од вкупно наплатените приходи од 1,43 милијарди денари во април, 790 милиони се од уплатен данок на добивка по годишен биланс што говори за позитивните резултати кај фирмите во 2019 година.
Кај расходната страна, во април, вкупните расходи се на речиси исто ниво, или има раст од 0,7 отсто. Тековните расходи се на исто ниво, а кај стоки услуги има пад од 36 отсто споредено со април лани. Кај трансферите пораст за 7 отсто поради зголемените пензиои.
Капиталните расходи во април се повисоки за 15,7 отсто во однос на истиот месец лани.
Ако гледаме од стартот на годината заклучно со април наплатата на приходите во буџетот е за 4,9 отсто пониска, а наплатата на даночните приходи е пониска за 9,1 отсто, што најмногу се должи на падот на ДДВ за 14,6 отсто во првите три месеци.
Наплатата на придонесите се зголемила за 9,2 отсто, што е добар показател дека годината почна одлучно.
Вкупните приходи се реализирани со 27,3 отсто согласно планот, а расходите се реализирани со 30,4 отсто согласно планот на буџетот. Расходната страна е повисока за 7 отсто, кај капиталнитерасходиима раст од 21 отсто.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




