04 Мај, 2024
0.0296

БДП порасна ама што ќе правиме со бруто инвестициите?

Објавено во: Економија 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


За дури 11,3 отсто паднаа бруто инвестициите во втроиот квартал годинава, вооднос на истиот период лани. Во втрорототромесчје растот на БДП е 3,1 отсто, но економските аналитичари тврдат дека падот на јавните и прватни инвестиции е значаен и загрижува. Тврдат дека дали ќе се оствари проектираниот раст до крајот на годината ќе зависи токму од овој показател, а тој ќе биде клучен за растот и следната година. Инаку растот од 3,1 отсто во вториот квартал го подгреа оптимизмот за годинава, сепак експертите потстетуваат дека тој е реализиран на многу ниска основа од првото тромесечје лани.

„ Најзначајна неповолност е движењето на податоците за Бруто инвестициите. Тие се опаднати за 11,3 отсто во однос на 2017 година. Дури и оваа многу ниска стапка на Бруто инвестициите била резултат на уште пониска споредбена основа во 2017 кога опаднале за скоро 20 проценти , во однос на 2016 година. Значи, овогодишниот резултат е многу, многу лош. Се покажува дека лошото менаџирање со Бруто инвестициите е причина за слабиот раст во последните две години, вели универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.

Вели дека во 2017 година големиот пад на Бруто инвестициите бил помогнат од високиот релативен раст на финалната потрошувачка и релативно опаднатиот трговски дефицит во БДП. Сепак, овие позитивни фактори во 2018 година се релативизирани, со тоа и нивното позитивно учество. Професорот Шукров вели дека како ќе се движи динамиката на БДП во наредниот период најмногу же зависи токму од движењето на Бруто инвестициите.


„Сегашните податоци не даваат повод да се верува дека планираната стапка во наредните два квартала ќе се оствари. Напротив податоците укажуваат дека растот ќе биде под планираната, веројатно многу оптимистичка стапка. За да се поправат состојбите и влијание врз идните резултати потребно е да се обезбедат механизми за стимулирање на финалната потрошувачка и Бруто инвестициите и приватните и јавните.  Што значи треба да се забрза реализацијата на инфраструктурните проекти и кредитната активност на банките, особено инвестиционата кај проектите со повисоко мултипликативно влијание, вели Шукаров.

Од Владата упорно тврдат дека ќе успеат да ги реализираат зацртаните проекти и дека реализацијата на капиталните расходи ќе надмине 80 отсто. Сепак до јули потрошени се само 21 отсто од сите пари предвидени за овие цели. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе се зане дали ќе има ребаланс на буџетот. 

„На почетокот на годината правевме проекти, се решаваат имотно правните односи за да дојде до реализација во последниот квартал, и тоа ќе биде видливо. Нема да дозволиме ниедни предрасуди да влијаат на одлуката дали ќе има или не ребаланс на буџетот. Разговаравме со сите министри и се договоривме кога ќе пресечеме дека има потреба од ребаланс таму каде не се искористени парите за капитални инвестиции, да ги реалоцираме во други. Таа одлука ќе се носи паралелено додека трае референдумската кампања“, рече Заев.

А.Т. 


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?