18 Мај, 2024
0.0336

Беџети: Во пописот треба да се вклучат и Албанците од дијаспората

Објавено во: Македонија 04 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот  заменик-претседател на комисијата за попис, Абдулменаф Беџети во изјава за Алсат-М вели дека во новиот попис треба да се вклучат и Албанците кои живеат и работат во странство.

Според него со барањето за нов попис на населението иницирано во манифестот на ВМРО ДПМНЕ, само се одвлекува и вниманието од политичката криза и истрагите на СЈО.

Академик Беџети вели дека ова барање на партијата на Груевски имало за цел да ја одржи во живот дебата во однос на процентот на Албанците во Макеоднија.

Говорејќи за прекинатиот попис во 2011 година, Беџети додава дека пред да излезе со нови предлози за попис, актуелната влада треба да даде отчет за, како што тврди тој, злоупотреба на пари при неуспешниот попис.

„Реално ова сега го бараат за замајување, за да ги исчистат нивните нечистотии. Но, мислам дека тоа е дополнителна причина пред сè за СЈО, за сите финансиски злоупотреби кои беа направени при тој попис. Тие потрошија околу 85% од средствата, а не реализираа ниту 15% од пописот застанувајќи на 11-от ден.“ – изјавил Абдулменаф Беџети.

Беџети вели дека во Македонија нема да се реализира попис кој нема да ги вклучи и Албанците кои работат надвор од земјава. Според него, постојат некои индикации зошто Албанците во дијаспората треба да бидат вклучени во пописот.

„Овој документ, овој памфлет повторно ги маргинализира како втора етничка заедница во земјата. Но, ова е невозможно додека Албанците живеат во оваа земја. Тие Албанци како и да се, ќе бидат дел од пописот, бидејќи тие ја одржуваат во живот оваа земја, економски и во сите други аспекти.“ – додава Беџети

Пописот во 2011 година беше прекинат поради несогласувањата за попишувањето на граѓаните кои живеат во странство. За тој попис беа предвидени 14 милиони евра а според европски стандарди, попис се прави на секои десет години.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8